30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонија200.000 Албанци ја напуштиле Македонија во потрага по работа и подобар живот?

200.000 Албанци ја напуштиле Македонија во потрага по работа и подобар живот?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Известувајќи за одлуката на албанската Влада да ги укине работните визи за Албанците
од Македонија и од Црна Гора, порталот „Балкан инсајт“ се повикува на проценки дека
200.000 припадници на најголемото македонско малцинство ја напупштиле земјата.
„Според некои проценки, околу 200.000 етнички Албанци од Северна Македонија си
заминале од земјата за да работат во странство, барајќи подобри економски услови“, стои
на крајот од написот посветен на одлуката на Владата на Еди Рама од 10 мај, според која
Албанците од двата албански соседа го добија тоа што и нивните сонародници од Косово
и од Прешевска долина во мај 2014 година.
„Иако тоа може да изгледа како потег без непосредно влијание или звучи како потполно
симболична иницијатива, ова е неопходен чекор кон зголемување на врските со Албанците во соседните земји без диференцијација врз основа на државјанството“,
напиша вчера на Фејсбук министерот за надворешни работи Гент Цакај, роден во Косово.
На последниот попис во 2002 година во Македонија биле регистрирани 506.083 Албанци.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...