25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаКомитетот за учебници го посети манастирот Свети Наум: „Ќе бидат отстранети иредентистички...

Комитетот за учебници го посети манастирот Свети Наум: „Ќе бидат отстранети иредентистички и ревизионистички референци“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со посета на манастирот Свети Наум заврши дводневниот состанок на Заедничкиот комитет за учебниците, напиша на Твитер заменик шефот на грчката дипломатија, Маркос Болари, кој го предводи грчкиот тим во разговорите, јави дописничката на МИА од Атина.

<

– Дводневниот четврти состанок на Мешаниот интердисциплинарен комитет со мандат од Договорот од Преспа за отстранување на иредентизам од учебниците, заврши со пријателска посета на гостите на историскиот манастир Свети Наум покрај Охридското езеро, напиша Боларис на Твитер, објавувајќи и фотографија.

На состанокот, како што претходно беше наведено во заедничкоро соопштение на Комитетот,  делегациите на двете страни во конструктивна и колегијална атмосфера извршија детална и сеопфатна ревизија на наставните планови (курикулумите) по историја, учебниците и помошните наставни материјали (учебни помагала) по историја кои се во употреба во двете земји.

Во заедничкото соопштение се наведува дека „гореспоменатиот материјал треба во најкус можен рок да биде ослободен од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци“, соопшти порано денеска МНР. 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...