17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридската цреша повторно ќе се продава во Русија

Охридската цреша повторно ќе се продава во Русија

Почнувајќи од 27 мај 2019 година, понеделник, Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација целосно ја укинува забраната за увоз на коскесто овошје. Конкретно, од понеделник од Република Северна Македонија во Руската Федерација ќе можат да се извезуваат цреши, вишни, сливи, кајсии, праски и нектарини.

Увозот на праски и нектарини од Република Северна Македонија во Руската Федерација е одобрен, со гаранции од македонските надлежните фитосанитарни служби, дека истите потекнуваат од подрачја во кои е утврдено дека нема присуство на габата Monilinia fructicola (Winter) Honey.

Дополнително, секоја пратка од праска и нектарина наменета за рускиот пазар, која потекнува од незаразено подрачје, ќе биде пропратена со веродостојни лабораториски анализи издадени од македонската Државна фитосанитарна лабораторија со акредитирани методи за анализа на оваа габа.

Забраната за извоз на коскесто овошје во Русија, стапи на сила во август минатата година по потврденото присуство на штетниот организам Monilinia Fructicola во Република Северна Македонија. Сега оваа забрана се укинува по извршената инспекција од страна на руските федерални служби за фитосанитарен надзор, која се реализираше на крајот на април годинава. Инспекторите од руската федерална служба спроведоа детална контрола на функционирањето на целокупниот фитосанитарен систем. Оваа одлука е од големо значење за македонските извозници и за зголемување на извозот на земјоделски производи во Русија.

Руската Федерација е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, а трговската размена помеѓу двете држави бележи значителен пораст. Само во првите месеци од оваа година, за 90% е зголемен извозот на земјоделско- прехранбени производи од Република Северна Македонија во Русија, споредбено со истиот период минатата година. Зголемениот извоз од Република Северна Македонија кон Русија во делот на земјоделско- прехранбените производи се должи пред се на извозот на јаболка, нo тренд на пораст се бележи и кај другите производи кои се извезуваат на рускиот пазар.

Интензивирањето на економската соработка и зголемувањето на трговската ќе биде централна тема на наредната седница на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу двете земји,која ќе се одржи на крајот на септември во Република Северна Македонија.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...