-2.9 C
Ohrid
среда, март 19, 2025
ПочетнаМакедонијаГневни жители на Маџари: „Метла“ за градоначалникот на Гази Баба, не сакаме...

Гневни жители на Маџари: „Метла“ за градоначалникот на Гази Баба, не сакаме шприцеви и игли

spot_img

„Срамота е ова што го прават. Ако ги донесат наркозависниците тука во фабриката, не ќе можеме од дома да излеземе. Не сакаме нашите деца да гледаат шприцови и игли секој ден“, порачаа револтирани жители од населбата Маџари од денешниот протест кој беше против дислокација на Центарот за зависници од Кисела вода во една од просторите на поранешната фабрика МЗТ.

<

„Нека најдат некоја ливада во Бардовци и нека ги сместат таму. Среде населено место да носат наркозависници, ќе биде хаос, ќе ни биде страв од дома да излеземе. Значи не ги сакаат во Кисела вода, па сега ајде да ни го донесат овде. Градоначалникот Борче Георгиевски нека не се прави глув, пет пати бевме во општината, не не прими. Ако не е способен нека си даде оставка и нека дојде некој кој го бива за таа работа“, изјави за „А1он“ Донка Димковска, жител на Маџари.

Жителите на Гази Баба , во знак на револт еден час ја блокираа главната улица “Перо Наков“ и со транспаренти во раце на кои беа испишани пораки „Да престане самоволието на градоначалникот Георгиевски”, “Стоп за отворање центар за зависници“, „Да се слушне нашиот глас“, упатија апел до власите да не се преместува центарот за зависници во Маџари.

„Некои одозгора таму си решиле зависниците да ни ги донесат тука без да не прашаат, ова е самоволие. Не сме револтирани само од градоначалникот туку и од “главатарите“ што си седат во фотелјите, почнувајќи од Заев. Градоначалникот е само маша на тоа што ќе го одлучат тие. Се знае, тој прави како што тие му кажуваат“, рече Милан Трајковски жител на Гази Баба.

Граѓаните од населбата Маџари и околните места собираа потписи кои ќе ги предадат до надлежните и ќе бараат да не се сместат зависниците тука. Доколку не се уважи нивниот глас, најавуваат порадикални протести.

„Имаме кучкарник, имаме канта пазар, депонија, сточен пазар, еве сега и ценар за зависници ни носат, уште тоа ни фалеше. Ако мислат дека ќе се откажеме, се лажат. Само за еден ден собравме огромен број потписи, ако тоа не е доволен доказ за нашиот револт, ќе преземеме и други чекори“, додаде жителка на Маџари.

Револтот на жителите на оваа населба следи откако министерот Венко Филипче, донел одлука центарот за зависници да се дислоцира од општината Кисела вода во индустриската зона во Маџари.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (над 80.000 евра) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани

Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (колу 5 милиони денари) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во...

Татко-полицаец од „Пулс“ го извади починатиот син, колегите му го земаа пиштолот да не направи нешто лошо

Во Кочани ништо повеќе нема да биде исто по страшната трагедија кога во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 млади луѓе, а градот остана во целосен...

МВР воведе активна забрана за летање на дронови во Кочани и Штип

Соопштение Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е...

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 14 осомничени лица

Притвор од 48 часа за екс министерот Крешник Бектеши и за поранешните директори на Државниот пазарен инспекторат и на Дирекцијата за заштита и...