18.9 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонија''Македонските идиоти пуштени на најако'': Се качувам во автобус и ме лажат...

”Македонските идиоти пуштени на најако”: Се качувам во автобус и ме лажат дека следа станица е Рекорд

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Излегуваш од дома и заминуваш на работа, на училиште, до трговски центар. Единствено, метежот во сообраќајот во Скопје може да те вознемири. Во истиот град, во македонската метропола, ако имаш оштетен вид, телесен инвалидитет, оштетен слух или друга попреченост имаш минимална достапна подвижност. Вакво е и секојдневието на младата пијанистка Ема Ананиевска.

<

Не сме приспособени воопшто. Не можам и немам услови за да се движам сама и многу ме фрустрираше тој момент, кога на 16 години ќе излегуваме, па морав да им речам да друштвото, чекајте морам со мајка ми да се договорам. Се наоѓа начин за движење, меѓутоа треба да се работи уште, затоа што знаете целта на инклузијата е да бидеме целосно самостојни и да можеме во било кое време сакаме, слободно да одиме, без да морам да зависиме од никого, затоа што тоа е поентата за сите луѓе.

За да има куче придружник мора да оди во Загреб и да помине низ многу процедури кои траат долго и се скапи.

Во државата наша, прво немаме дресери за кучиња придружници, а како второ имаме само еден човек којшто има куче придружник. Не е нешто невозможно, имаме дресери коишто можат да бидат пратени на обуки и слично. Јас моментално сум во процедура да земам куче придружник од Загреб, меѓутоа тоа е многу тешко и е процедура која што кошта.

ЈСП неодамна објави веста, дека на лицата со попреченост ќе им биде дозволено да се возат со куче придружник. Но, тоа што нема кучиња придружници не е единствен проблем.

Најчесто кога излегувам сама и одам некаде ме пречекуваат другарки, но морам да одам со такси, затоа што во автобус не можам да одам сама. Прво затоа што нема никакви звучни сигнали во автобусите, а мене ми се има случено да заминам во автобус кај Капитол и да ми кажат дека следна станица е Рекорд.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...