14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаБитолчани конечно добиваат 3D пешачки премин

Битолчани конечно добиваат 3D пешачки премин

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

о примерите од градови низ светот и Битола сега добива тридимензионален пешачки премин.

<

Подмладокот на „Ротари клубот Битола“ е иницијатор на овој проект, со цел поголема безбедност во сообраќајот. Од таму велат дека сакаат акцентот да го стават на пешаците да внимаваат каде преминуваат, а секако и на возачите.

Се договорија со полицијата и општината и го стартуваат условно речено пилот-проектот.

Ќе ги чекаат реакциите и на минувачите и на возачите, за потоа да се продолжи со вакви 3Д пешачки премини и на други места.

Првиот 3Д пешачки премин го изведува тимот на „Hybrid Minds Crew“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ на булеварот „1 Мај“.

Овие пешачки премини создаваат оптичка илузија, која ги тера возачите да ја намалат брзината на своите возила.

Познавачите на приликите велат дека ова решение е поевтино, попрактично и посимпатично во однос на конвенционалните „лежечки полицајци“, а и не може да го оштети возилото.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...