6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаДИМИТОВ: Јас не сум професор по историја за да одговорам дали Гоце...

ДИМИТОВ: Јас не сум професор по историја за да одговорам дали Гоце Делчев е Бугарин

spot_img

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во емисијата Топ тема на Телма, во врска со Договорот со Бугарија и работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, која успеа да најде заеднички јазик за праиисторијата, антиката, па и за средниот век, но се уште не и за ликот и делото на Гоце Делчев, вели дека ваквите прашања треба да се решаваат со многу мудар пристап.

<

Нагласува има разлика во очекувањата на двете страни во Комисијата. Појаснува дека Софија сака побрзо да се усогласат спорните делови од историјата, „а наша задача е да им создадеме на историчарите услови, во кои ќе можат да донесат вистински решенија засновани на факти, но и меѓусебно почитување“.

На прашањето дали изјавите дека Гоце Делчев е Бугарин остава простор за ваков пристап, Димитров нагласи дека во Софија му било поставено обратното прашање.

– Јас не сум историчар, а тука станува збор за еден од нашите најголеми херои, длабоко втелемен во нашата државност, кој дејствувал и кога не сме имале своја држава, рече шефот на дипломатијата и додаде дека идентитетско-културните прашања треба да бидат предмет на историчари и антрополози, кои ќе ги имаат предвид двете перспективи.

Напомена дека постојат две ситуации кога може да дојде до уривање на овој процес.

-Првиот ризик е ако се преправаме дека се зближуваме и дека разговараме за тешки прашања, а другиот ризик е ако има условување и несоодветен притисок, имајќи предвид дека Бугарија е земја-членка на Унијата, додаде тој.

-Тука, кај Гоце, процесот не оди така мазно, има проблеми на имплементација на еден важен и тежок Договор. Решението е да не влеземе во конфликт, туку да најдеме начин ние да ги разбереме нив и тие да не разберат нас, нагласи шефот на дипломатијата.

Димитров, говорејќи за претстојните парламентарни избори во Грција, рече дека Преспанскиот договор ќе биде прифатен од која било грчка влада, ќе има период на градење доверба, период на запознавање, но ќе најдеме разбирање со која било грчка влада дека патот по кој тргнавме е важен за двете држави. Станува збор за мост на пријателство што го поздрави целиот свет, изјави вечерва шефот на дипломатијата Никола Димитров во емисијата Топ тема на Телма, говорејќи за претстојните парламентарни избори во Грција.

Нагласи дека не може да прејудицира кој ќе победи, дали Алексис Ципрас ќе загуби и на негово место ќе дојде опозициската Нова демократија, предводена од Киркјакос Мицотакис, но истакна дека која било грчка влада со текот на време ќе го сфати значењето на процесот на помирување и она што е постигнато со Преспанскиот договор.

Во однос на можноста Договорот да биде реотворен од страна на Мицотакис, доколку дојде на власт, нешто што најави дека ќе го прифати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Димитров истакна дека верува без разлика кој ќе ја предводи новата грчка влада дека ќе се најде начин за се разбере значењето на нешто што е суштинско и кое беше поздравени од ОН, ЕУ и целата меѓународна заедница. Договорот има голем влог, додаде тој, во смисла на кредибилитетот што го имаме пред светот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...