6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаСветАмерика сметаше дека е невозможно да се уништи дронот Глобал Хок. Иранците...

Америка сметаше дека е невозможно да се уништи дронот Глобал Хок. Иранците успеаја

spot_img

Американскиот дрон што вчера беше соборен од страна на иранските сили е најнапредното беспилотно летало што во моментов го користат американските воздухопловни сили, барем јавно.

Овој дрон е моделот Ар-кју 4А Глобал Хок, специјализиран за големи висини и издржливост, и е посебна верзија наменета за програмата Поморски надзор на широк простор (БАМС), пишува специјализираниот американски портал Дифенс пост.

Не се работи за борбен, туку за дрон за разузнавање кој собира информации од голема висина, често од работ на противничката територија. Беспилотните летала од типот Ар-кју 4 носат низа напредни електро-оптички, радарски и електронски сензори за собирање разузнавачки информации.

Срушениот дрон е само еден од неколкуте прототипови произведени пред да се модернизира и масовно произведува во верзијата Ар-кју 4Б. Уште еден наследник на Ар-кју 4 моделот е Ем-кју Ар-си Тритон, со кој се користи американската морнарица, а првично погрешно се сметало дека е соборен токму тој модел.

Портпаролот на американската Централна команда Бил Урбан преку соопштение објасни дека целта на ова беспилотно летало била „обезбедување разузнавачки информации во реално време, мисија за надзор и извидување преку пространите океански и крајбрежни области“.

Ова е прв американски дрон од овој тип кој некогаш е соборен. Од тоа, и од фактот дека беспилотното летало Глобал Хок е поскап и од најнапредниот американски борбен авион Ф-35A Лајтнинг 2 Џоинт страјк фајтер, јасно е дека се работи за многу посериозен инцидент отколку што на прв поглед се чини.

Официјален американски претставник за Си-ен-ен рече дека приближна цена на Ар-кју 4A Глобал Хок е 110 милиони долари. Бизнис инсајдер, од друга страна, пишува, повикувајќи се на податоци од Американскиот морнарички институт од 2015 година, дека еден таков дрон вреди околу 123 милиони долари. За споредба, споменатиот ловец Ф-35А чини 89 милиони – 34 милиони долари помалку.

„Ова не е потрошен дрон на чија загуба САД само ќе слегнат со раменици“, коментираше на Твитер Улрике Франке, експертка за дронови од Европскиот совет за надворешни односи.

Разузнавачки аналитичар за наоружување Фабијан Хинц, исто така, за Њузвик нагласи дека овој дрон „не е мал предатор“, алудирајќи на многу помалиот и поевтиниот вооружен американски дрон кој нашироко се користи во американската таканаречена „Војна против тероризмот“ од 2001 година до денес. „Ар-кју 4A е еден од најголемите и најскапите дронови што САД ги има“, додаде тој.

Но, она што за американските сили е уште поболно од финансиската загуба е дека нивната претпоставка за отпорноста на таквите летала падна во вода заедно со самиот дрон. Имено, како што објасни Франке, Глобал Хок е дизајниран со идејата да биде отпорен на добар дел противвоздушна одбрана, односно да лета над нејзиниот домет.

Ар-кју 4 Глобал Хок лета над 65.000 стапки, или 20.000 метри висина, што значи дека можел да го сруши единствено софистициран ракетен систем земја-воздух воден со радар, а не некој противвоздушен проектил истрелан од рамо и воден со топлина, вели Дифенс пост.

Иран, исто така, тврди дека Иранската револуционерна гарда го соборила дронот со помош на напредена верзија на противвоздушниот системи Хордад, кој може да ги детектира целите на оддалеченост од 150 километри и да ги собори на растојание од 50 километри и на висина и до 81.000 стапки, односно 25 километри. Бидејќи Глобал Хок нема „стелт“ технологија (невидливост за радар) ни против мерки за ракетен напад, ранлив е за противвоздушните системи кои можат да погодат цели на таа висина.

Што се однесува до самото рушење на дронот Иран тврди дека има „несоборливи докази“ дека американското летало во моментот кога било соборено било во иранскиот воздушен простор, а дека неговите делови паднале во иранските територијални води. Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф објави и илустрација со наводните координати од локацијата каде дронот е соборен.

САД, меѓутоа, тврдат дека Иран го соборил дронот во меѓународниот воздушен простор во Оманскиот залив, меѓу оманскиот и иранскиот воздушен простор.

U.S. Central Command

@CENTCOM

The ISR Flight path and grid plots for the RQ-4A shot down by Iran in the Strait of Hormuz. “This was an unprovoked attack on a U.S. surveillance asset that had not violated Iranian airspace at any time …” – Lt Gen Joseph Guastella, @USAFCENT

767 people are talking about this

Но, САД тврдат дека се работи за „неиспровоциран напад врз американската опрема за следење во меѓународниот воздушен простор“, и самите објавија карта со трасата на летање на дронот и координати на кои бил срушен.

Извор: Индекс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...