14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДенеска е Сисвети - празник на сите Светци

Денеска е Сисвети – празник на сите Светци

Овој празник се празнува во неделата по Духовден и меѓу народот повеќе е познат како Сисвети. Празникот се однесува на сите светци. Црквата го востановила за заедничко сеќавање и празнување на сите светии. Се празнува за да им се оддаде почит на оние светци чии имиња не се познати како поради нивната бројност така и поради тоа што нивниот култ во одредени краишта не заживеал. Споменот на овие светци се празнува заедно со споменот и на оние светци што имаат и посебни празници, за да се покаже дека сите верувале во еден Исус Христос и за него страдале. Се совпаѓа со Петрови поклади, бидејќи една недела по Духовден започнуваат Петровденските пости. На манастирот посветен на овој празник во Охридското село Лешани на овој ден се прави голем собир на кој се собираат луѓе на само од Дебарца туку и од цела западна Македонија.

На овој празник именден празнуваат некои што немаат именден во календарот.

Преданија и легенди поврзани со манастирот сите светии во Лешани (Охридско)

Како ученици тројцата другари Благоја, Сергија и јас, на празникот Си Свети отидовме во манастирот во Лешани, а Благоја ни вели дека ќе не носи на ручек кај негови роднини. Посетата на манастирот Си Свети ми остави незаборавен впечаток со масовната посетеност, со развиорените ора и со прекрасната црква.
За ручек отидовме кај роднините на Благоја. Не пречека жена со скрстени раце, со наведната глава, тажна. Благоја ја прашува што е таква, а таа одвај прозборе дека детето и е на умирање, се чека да испушти душа во другата одаја. Бара Благоја да се донесе детето кај нас. Тоа легнато во лелајка, големко, одаче, ама бери душа, од устата испушта пена.
-Не е ништо, ќе стане како сокол – вели Благоја. барајќи да му се донесе пајнца со вода.
Го донесе жената бараното. Тој го испрска детето со водата и прошепоте нешто, а ние се чудевме со него. По кусо време детето стана, почна да оди, да фаќа по масата. Од тага во куаќата настана радост. Родителите носат јадење, пиење. Долго бевме честени.
Детето од мртовечка постела го кренаа Сите Светии, преку нас гостите делуваа тие, односно тие со нас го испратија ангелот спасител во куќата на домаќинот што не прими, а нашиот другар само механички ја извршуваше нивната волја.

Од книгата „Манастирот Си Свети (Сите светии)“ од Стојан Ристески Охрид 2007.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...