25.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeСветНовиот најголем диносаурус e пронајден и е 10 пати поголем од Т-Рекс

Новиот најголем диносаурус e пронајден и е 10 пати поголем од Т-Рекс

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Голем е колку 14 слонови, два полу-камиони или 10 Т-рекс диносауруси.

worlds largest dinosaur
Patagotitan mayorum

Аврелиано Ернандез – аргентински овчар – видел коска што стрчела од карпа во 2013 година.
Палеонтолози биле контактирани, но Хернандез починал пред да има шанса да го дознае потеклото на коската. Аврелијано никогаш не би знаел, дека неговото откритие всушност било надколеницата на најголемиот диносаурус досега откриен.

<

Сега, четири години подоцна, тим на научници од Палеонтолошкиот музеј Егидио Фаруљо го објави неговото официјално име: Patagotitan mayorum.
Името доаѓа од регионот Патагонија каде што е пронајдено, грчкиот збор титан (што значи голем) и презимето на семејството кое ја поседува фармата каде што се откриени коските.

На првичниот фосил откриен од овчарот му требало две недели за да се откопа, затоа што бил долг 8 метри.
Изгледало како коска на титаносаур, но истражувачите сметале дека титаносауросите не биле толку големи.

Тие првично процениле дека суштеството на кое му припаѓало бутот би било долго 130 метри и тежело околу 77 тони – што е еднакво на 14 слонови, седумкатна зграда или два полу-камиони.
За споредба, Тираносаурус Рекс изнесувал 40 метри и тежел девет тони.
“Мислам дека воопшто не биле страшни животни”, изјави Диего Пол, коавтор на студијата за Фокс. “Тие веројатно биле масивни големи животни коишто се движеле многу бавно”.

По нивната внимателна анализа, истражувачите откриле дека нивната првична проценка била малку погрешна. Животното тежело повеќе од 69 тони.
Овој пат, тие се прилично сигурни во нивната проценка на тежината.
” Имаме пристојна идеја за тоа колку различни методи за проценка на масата на диносаурусите постојат, и тие имаат тенденција да се согласуваат доволно добро во поголемиот дел од времето “, изјави Џон Хатчинсон од Кралскиот ветеринарен колеџ за Атлантик Тајм. “Дури и земајќи ја предвид несигурноста на овие методи, Патаготит излезе како титан од 60 до 80 тони”.

big dinosaur bones

Работејќи на истата фарма, палеонтолозите откриле повеќе од 200 коски од шест различни патаготици (тие морале да отстранат дел од ридот за да го направат тоа). Коските датираат од пред околу 100 милиони години.
Палеонтолозите се сосема сигурни дека овој пат го нашле најголемиот диносаурус што некогаш одел по земјата.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ја тепал, ѝ ја запалил колата, барала помош- Страшни детали за убиената велешанка

Не стивнуваат реакциите по двојното убиство и самоубиство во Велес, настан што ја вознемири македонската јавност. Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет вчера ја...

Ова се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

Двојно убиство и самоубиство извршено со остар предмет во семејна куќа во Велес ја потресе јавноста денес. Според полицијата, маж од Скопје денеска ги...

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...