18.9 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаАнѓушев: Прашањето за брендот е утврдено, секоја компанија може да користи предзнак...

Анѓушев: Прашањето за брендот е утврдено, секоја компанија може да користи предзнак „македонски”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На ниту една компанија од Северна Македонија нема да и биде ускратено да го носи предзнакот македонски, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител, говорејќи за Договорот од Преспа во контекст на смената на власта во Грција и доаѓањето на Владата на Кирјакос Мицотакис.

<

 

Еден од приоритетите за грчкото Министерство за надворешни работи во Владата на лидерот на Нова демократија е ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа, а Анѓушев напомена дека Мицотакис веќе остварил контакт со премиерот Зоран Заев, кој бил мошне позитивен и тие јасно и прецизно кажале дека Договорот не може да се промени без согласност на двете страни.

Според него, во Договорот прашањето за брендот е јасно утврдено, секоја од државите може да го заштити својот бренд и секоја може да го користи предзнакот македонски.

„Ниту еден производ, кој доаѓа од кај нас не може да биде спречен да биде македонски”, нагласи Анѓушев.

Тој потсети дека од Самитот на земјите од Берлинскиот Процес во Познањ, Северна Македонија добила грант од 40 милиони евра, кој, како што кажа е наменет за три проекти – автопатот Скопје – Блаце, гасоводот кон Грција и железничката станица Табановце .

„Сите проекти се во фаза на проектирање, ни ги дадоа средствата да ни овозможат откако ќе бидат проектирани подобро да пристапиме кон финансиските институции да можеме на тие средства да добиеме кредити за да можат овие проекти да бидат финансирани и имплементирани”, рече Анѓушев.

Во врска со реконстуркцијата на Владата и наводните негови несогласувања со досегашниот министер за финансии Драган Тевдовски и можноста тој да влијаел  на неговата смена, Анѓушев рече дека одлуката за реконструкцијата ја донел исклучиво премиерот во консултација со коалициските партнери и оти тој никако не влијаел.

Самиот тој, како што рече, со никого во Владата немал расправии и несогласувања, па ниту со Тевдовски. Имало одредени разидувања во ставовите, на пример за персоналниот данок и лимитот на персоналниот данок, но се било во рамки на дневното работење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...