16.3 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаПоради безбедносни причини, Боки 13 сместен во хашкото одделение во Шуто Оризари,...

Поради безбедносни причини, Боки 13 сместен во хашкото одделение во Шуто Оризари, запленети скапа гардероба, накит, часовници и оружје

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, вчера беше приведен на граничниот премин Богородица. Тој е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановски заедно со Зоран Милевски – Кичеец како второосомничен се обвинети за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари.

Јовановски денеска ги поминал сите прегледи и процедури во затворот во Шуто Оризари каде беше спроведен доцна синоќа. Врз него биле спроведени сите процедури како кај сите притворени лица, насоки на проценка како и насоки за прва помош, потврдува директорот на затворот, Есад Рахиќ.

Поради безбедносни причини, Боки 13 моментално се наоѓа во хашкото одделение со уште едно притворено лице, а полицијата немала проблеми при извршување на процедурите.

Од обвинителството информираат дека се извршени претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел со едно правно лице, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале.

“При претресите е прибран броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела. Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички , како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола”, се вели во соопштението.

Со оглед на обемноста на материјалот, записниците за одземени предмети сè уште се подготвуваат и во моментов обвинителството не може да соопшти детали.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

     

    spot_img
    spot_img
    ПОВРЗАНИ СТАТИИ

    Најпопуларни

    Повеќе постови

    Болницата плодност се збогува со своите колеги

    Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог,...

    Пецаков: Од народ за народ, 80.000 денари од хуманитарниот турнир ќе бидат префрлени на сметката на нашата нашата сограѓанка Бојана Бонеска, на која за...

    Од народот за народот таму каде што е најпотребно. СРЦ „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми...

    Таравари: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство

    Укинувањето на економските директори во здравството прави заштеди во секторот, а за прв пат по 15 години имаше и проширување на позитивната листа. Ова...

    Над 10 илјади евра годишно ја чини државата еден затвореник

    Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над...