17.1 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаСЈО: КАТИЦА Е БОЛНА АМА НЕ ВИ КАЖУВАМЕ ОД ШТО...

СЈО: КАТИЦА Е БОЛНА АМА НЕ ВИ КАЖУВАМЕ ОД ШТО…

Од Специјалното јавно обвинителство не сакаат да откријат со која дијагноза нивната шефица Катица Јанева отишла на боледување.

Во изјава за Лидер, портпаролката на обвинителството открива само дека Јанева е на боледување од 16ти, денот кога почна случајот „Рекет” од кој е дел шефицата на СЈО.

Во исто време, портпаролката на СЈО не открива кој е докторот кој на Јанева и дал боледување. Иако постојат сериозни индиции дека ова боледување е лажно, што претставува кривично дело.

– Боледувањето на Јанева и е отворено на 16.07.2019 , но поради заштита на приватноста не смееме да откриеме кој доктор е и која е дијагнозата. – велат од СЈО.
Во некои случаи боледувањето може да биде и причина за избегнување на притвор.

Инаку претходно од СЈО за „Слободен печат“ изјавија дека Јанева најверојатно денеска ќе поднесе документација според која таа заминува на боледување, а како неискористен и останал и дел од стариот летен одмор.

Додека Јанева не оди на работа, форензичкиот Оддел на МВР, според извори на Слободен печат од истрагата, веќе започнал да постапува по наредбата дадена од истражителите, односно врши проверка на содржината на компјутерите кои полицијата ги заплени од домот и работните простории на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, првоосомничен во аферата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) позната под името „Рекет“. На детална анализа ќе биде подвргнат и мобилниот телефон на Катица Јанева кој и беше запленет во петокот вечерта со писмена наредба од ОЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска за „Слободен печат“ вели дека сè уште нема оценето кога ќе ја повика Јанева на разговор за причината поради која и е запленет мобилниот телефон. Таа додава дека Јанева до сега не се обратила до ОЈО, ниту пак прашала зошто и е одземен телефонот.

Катица Јанева во петокот после пладне прво ги известила колегите, а потоа и јавноста дека поднесува оставка од функцијата. После овој нејзин чекор, како што изјавија завчера на прес конференција нејзините колеги, ја немаат контактирано за целиот случај и низата прашања кои се споменаа во јавноста за нејзината оставка, која сосема случајно или не, беше само два часа пред полицијата да соопшти дека на преминот „Богородица“ го уапсила Јовановски, а во Скопје пак Зоран Милевски викан Зоки Кичеец, под сомневање дека изнудувале пари од осомничен, на кого му тврделе дека можат да влијаат кај обвинител за стопирање на истрага против него.

Во петокот во доцните вечерни часови, по барање на ОЈО, судија на претходна постапка, на Јовановски и Милевски им одреди 30 дена притвор. Во меѓувреме, ОЈО ја продолжи истрагата против нив, а најави дека листата на лица директно или индиректно вмешани во оваа афера ќе биде зголемен.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болницата плодност се збогува со своите колеги

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог,...

Пецаков: Од народ за народ, 80.000 денари од хуманитарниот турнир ќе бидат префрлени на сметката на нашата нашата сограѓанка Бојана Бонеска, на која за...

Од народот за народот таму каде што е најпотребно. СРЦ „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми...

Таравари: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство

Укинувањето на економските директори во здравството прави заштеди во секторот, а за прв пат по 15 години имаше и проширување на позитивната листа. Ова...

Над 10 илјади евра годишно ја чини државата еден затвореник

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над...