16.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Паралија 8-годишно дете нагази отровна риба

Во Паралија 8-годишно дете нагази отровна риба

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осумгодишниот Милан Левкиќ од Бор, на летување во Паралија, Грција случајно ја згазил отровната риба, само што влегол во морето. Оваа риба која Грците ја нарекуваат „дракена“ и која живее во длабокото, овој пат се нашла во плитките води, а карактеристична е по тоа што се крие во песокот, па скоро е невозможно да се забележи при влегување во вода.

<

Тоа се случи на последниот ден од нашето летување и тоа час и половина пред да се вратиме назад во Србија. Само што влеговме во вода Милан почна да плаче затоа што ужасно го боли ногата. Мислев дека згазнал на некоја школка, затоа што воопшто немаше крв, само црвена точка на ногата- раскажува Весна Велиновски, мајката на Милан.

Но кога отишла под туш со детето забележала бел круг и две зелени точки на ногата на Милан скоро како да е гриз од змија.

„Едвај можеше да стои на пета, со оглед дека убодот беше на стапалото под палецот. Се обиде да оди малку, па јас го носев потоа, а цело време не престана да вреска од болки“ – изјавува Весна за српскиот медиум.

По доаѓањето кај лекарите, тие веднаш знаеле дека станува збор за отровна риба.

„Стоплија вода, истурија во лавор, а потоа ни кажаа тука да ја држи ногата. Милан набрзо престана да плаче. За пола час целосно спласна отокот, а потоа и испи лек. Ни кажаа уште 2-3 дена да ја држиме ногата во топла вода и да пие лекови уште една недела“ – раскажува мајката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...