2.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаИсторијаНа денешен ден роден е Александар III Македонски - Александар Велики

На денешен ден роден е Александар III Македонски – Александар Велики

spot_img

Неговото воено дело, според кое е познат во целиот свет и поради кое два века подоцна е наречен Велики, се изучува во воените академии на сите држави
• Никогаш непобедениот Александар го применил моделот на мир на својот татко, но многу посуптилно. Тој три пати нудел мир, а четвриот пат уништувал

Најголемиот блесок на Македонија во античко време беше на 500- годишнината од основањето на оваа држава, во времето кога Александар Трети Македонски беше македонски цар и цар на светот. Македонија е основана во 825 година пред Христа кога Каран е инаугуриран за прв официјален македонски цар, не сметајќи ги претходните митски за кои има само преданија, а не и цврсти докази.

Атина е основана во 776, а Рим во 753 година пред Христа. Од тоа произлегува дека Македонија е најстарата држава во Европа, а била и најмоќната во предхристово време. Блесокот достигнат во времето на Александар се темели врз петвековната традиција во закономерното градење на државата и врз генијот на Филип Втори Македонски и на ненадминатиот, брзомислечки и луциден негов син, Александар.

НАЈДОБРИОТ ОД НАЈДОБРИТЕ

Александар Македонски е роден на 22 јули 356 година во македонската престолина Пела, на 20 години стана македонски цар; а почина во Вавилон на 13 (според некои на 10) јуни 323 година пред Христа. Неговото воено дело, според кое е познат во целиот свет и поради кое два века подоцна е наречен Велики, се изучува во воените академии на сите држави. Мнозина војсководци по него се обидуваа да го повторат тоа дело, од Цезер, преку Јустинијан Први, Наполеон Бонапарта до Хитлер. Ромеија (Византија) и Османлиското (турско) царство го применија системот на военото устројство и начинот на изборот на император -најдобриот од најдобрите.

Неупатените погрешно мислат дека Александровата војска, предводена од началникот на генералштабот Парменион, била само убиствена машинерија, која несопирливо урива с# пред себе. Моќта на тогаш најсовременото оружје е покажана во само десетина најголеми битки во кои се применети повеќето од 32-те новини во војувањето воведени од Филип и Александар (блиц-криг, фаланга, артилерија, оклопни коли, опсадни машини, понтон, алпинизам, тунелокопање, систем на врски и сигнализација, логистика, штабско планирање, квислинштво, специјална војна и друго, се разбира во обем и поим за тогашно време).

По угледот на својот татко, а врз основа на искуствата и од другите свои предци, Александар освоил повеќе територии и народи (племиња) со модел на мирот (т.е. придобивање за доброволно присоединување кон неговата империја) и со застрашување, отколку со оружјето.
Македонија на Филип Македонски била унија на кралства и кнежества под негова врховна власт. Филип со меч и со дипломатија го покорил целиот Балкан и извршил подготовки за походот на исток. Со од него наметнатиот договор за мир со покорените хеленските полиси, Филип нив ги обврзал на верност кон царот и врховната власт и подреденост на военото командување; давање даноци; квота на војници заедно со синовите на највидните првенци и нивна издршка; и учество во задушување на бунт на кој и да е од потписниците на мирот со царот. Договорот за мир бил наследен (иако царската титула не била), така што Александар, по изборот за цар од страна на Воениот совет, ја продолжил важноста со сите. Полисот Теба ги прекршил одредбите на мирот на мировните договори, дигајќи бунт, па Александар, со учество пред с# на соседните хеленски потписници на мирот, сосема го уништил за наук во иднина.

Никогаш непобедениот Александар го применил моделот на мир на својот татко, но многу посуптилно. Тој три пати нудел мир, а четвриот пат уништувал (Тир, Газа итн.). На доброволно приклучените кон него им давал релативна слобода и власт, та дури и поголеми територии отколку што имале претходно. Но, насекаде,без разлика, оставал свој благајник и свој командант со воен екипаж, иако се прогласувал за ослободител.

Извор Мн.мк

http://mn.mk/istorija/2244-Rodenden-na-Aleksandar-Makedonski-22-juli-356-g-pred-Hrista

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...

Пукање во Дебар – непознати напаѓачи пукале во полицајци кои се обиделе да ги запрат !!

Полицајци од граничната полиција вчеравечер во Дебар биле нападнати од двајца непознати напаѓачи, кои пукале во нив откако полицајците ги забележале како се движат...

Арачиновци длабоко под земја наместо компири, имале закопано оружје и бомби.

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На локацијата се копаше повеќе...