15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаСветБиблиска непогода во “коцкарската Мека”: Наезда на скакулци во Лас Вегас, еве...

Библиска непогода во “коцкарската Мека”: Наезда на скакулци во Лас Вегас, еве што велат експертите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лас Вегас го очекува уште една вечер од наезда на скакулци откако ентомолог од Невада ги предупредил жителите и посетителите дека овие инсекти ќе се задржат на подрачјето уште неколку недели.

<

Фотографиите и видеата од скакулците како скокаат под уличните светилки пред хотелите и забавните содржини започнаа да се појавуваат претходно оваа недела на социјалните мрежи.

Луѓето на Твитер ја споредуваат ситуацијата со сцени од хорор филмови, а некои споменуваат и библиски делови поврзани со знаци за апокалипса.

Сепак, ентомологот од Невада, Џеф Најт, вели дека жителите не треба да се грижат бидејќи скакулците не пренесуваат болести и не гризат, а веројатно “нема да предизвикаат ниту некаква штета на растенијата”.

1,000 people are talking about this

„Општо, тие само јадат листови. И кога се во волку голем број, имаат тенденција да се движат кон север”, додал Најт и потврдил дека тие веројатно ќе бидат во близина уште неколку недели.

Eнтомологот објаснил дека се работи за вообичаен пустински вид на скакулци, познати како рамнокрилести, кои се толку бројни како резултат на влажното време во зимата и пролетта. Претежно живеат во северна Аризона, пред да започнат да мигрираат на север, што е всушност и причината зошто ги има во Невада.

Особено се истакнуваат ноќе во “коцкарската Мека” бидејќи ги привлекуваат белите ултравиолетови светла. Според забележаните податоци, слична наезда на скакулци во Лас Вегас се случила четири или пет пати во последните 30 години.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...