13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаЗабаваДали вашиот партнер ве искористува само за секс? Овие 10 знаци го...

Дали вашиот партнер ве искористува само за секс? Овие 10 знаци го откриваат тоа!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога се во прашање љубовта и врските, понекогаш не размислуваме како што треба и не согледуваме некои работи кои се очигледни за другите.

<

Мислите дека вашата нова врска и однос добро напредуваат, но сепак постои нешто што ве мачи – ви се чини дека сè се сведува на секс. Тој не сака да излегува со вас на забавни места, а вие почнувате да се чувствувате како да ве искористува само за тоа. Но, дали е навистина така?

Овие 10 знаци покажуваат дали вашиот нов партнер ве искористува само за да ги задоволи своите сексуални потреби:

1. Сака да дојде кај вас или вие да дојдете кај него и само да “скокнете” во креветот. Не се труди да ве одведе на вечера, да гледа филм со вас или да излезете во некој клуб. Дури не сака ни премногу да разговара со вас туку веднаш се “фрла во акција” и ве носи во спалната соба.

2. Секогаш ви дава комплименти за вашиот физички изглед, но никогаш не ги фали вашите размислувања, идеи, интелигенција или смисла за хумор. Тој е фокусиран само на вашето тело.

3. Секогаш одбива било каков план кој не вклучува секс. Се чини како воопшто да не е заинтересиран за вас надвор од спалната соба.

4. Не сака да ги запознае вашите пријатели и не сака вие да ги запознаете неговите пријатели или членови на семејството.

5. Ретко разговарате преку телефон, не ви испраќа ниту СМС пораки.

6. Не сака да зборува за иднината на вашата врска или за тоа како се одвива истата. Никогаш не споменува дека сте официјално заедно или дека сте посветени еден на друг.

7. Сите подароци кои ги добивате од него, на некој начин се поврзани со спалната соба: долна облека, секс играчки, парфем…

8. Ви се јавува доцна за време на викендите и бара да се видите, секако – само за секс.

9. Кога завршувате со сексуалната “дружба”, тој пробува што побрзо да се извлече од вашите прегратки и креветот и сака да го напушти вашиот стан (или вие да го напуштите неговиот).

10. Никогаш не ви подарува нешто вредно за внимание кога ви е роденден или за време на празниците, кога вообичаено сите си разменуваме подароци и слатки ситници.

tocka.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...