16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПожарот во Велмеј будно се следи: Градоначалникот Ногачески апелира на смиреност бидеќи...

Пожарот во Велмеј будно се следи: Градоначалникот Ногачески апелира на смиреност бидеќи нема место за паника, а вестите што кружат на интернет не се доволно проверени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Штотуку се вратив од село Велмеј. Таму бев и цело попладне и го следев дејствувањето на двата канадери, а се искачив и на позицијата каде локалното население превентивно дејствуваше против огнот, кој се движеше во правец на селото.
Пожарот кој од вчера зафати шумско подрачје од 70 тина хектари и покрај дејствувањето на вработените во Јавното шумско претпријатие, канадерите и локалното население се уште не е локализиран. Меѓутоа, состојбата не е ниту толку критична, ниту “излегла од контрола”,ниту пак некој го оставил селото на немилост на огнената стихија, како што пренесуваат некои портали.
Напротив. Веднаш по појавата на пожарот уште претходниот ден дејствувале и ТППЕ Охрид и вработените во Јавното претпријатие. Меѓутоа, поради тоа што гори претежно смрека, која е лесно запалива и пред се поради непристапниот терен, изутрината во договор со одговорните во Шумското претпријатие, како градоначалник се обратив до Дирекцијата за заштита и спасување со барање да се дејствува со канадери. Тоа е стандардна процедура. Барањето беше одобрено и два канадери попладнето дејствуваа претежно во најнепристапниот дел, по планинскиот срт. Според воспоставените процедури канадерите можат непрекинато да дејствуваат три часа и тие тоа го направија.
Утрово во 5.00 часот гаснењето продолжува од страна на вработените на Шумското претпријатие, по однапред утврден распоред и ТППЕ ( макар што поради непристапниот терен противпожарните возила се хендикепирани да дејствуваат) .
Ако се оцени потреба повторно ќе побараме да интервенираат и канадерите.
Беше одлучено превентивно во селото да остане едно возило на ТППЕ Охрид. Вечерва имаше недоразбирање и некоординираност во командите, но тоа е решено и возилото останува.
Не се точни лиферуваните информации дека огнот стигнал до првите куќи во селото. Превентивно и будно се следи состојбата.
Апелирам на смиреност.
До сите медиуми и интернет портали апелирам секоја вест пред да ја објават добро да ја проверат.
Ви стојам на располагање за контакт во секое време.

<

Напиша Ногачески на својот Фејзбук профил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...