6.3 C
Ohrid
вторник, ноември 24, 2020
Почетна Свет Изнајмиле вила на море за 6.420 евра, кога пристигнале ги дочекале камиони...

Изнајмиле вила на море за 6.420 евра, кога пристигнале ги дочекале камиони и багери

Translate (Eng):[gtranslate]

Девојка од Франција, заедно со своите 9 пријатели, изнајмила вила на Хвар за 6.420 евра.

Меѓутоа, кога на 18-ти август пристигнале на одмор, ги дочекало непријатно изненадување – наместо убава вила во која ќе се одморат, ги дочекал ископан пат и неколку камиони и багери.

“На вратата на пустошот откако дојдовме на адресата која ја добивме преку “Booking”… По пет часа разговор со корисничката служба, никаква помош”, напишала Французинката Џули во описот од видеото кое го објавила на својот Твитер профил.

РЕКЛАМА

Julie@JulieFelice_

@bookingcom Arrivés en Croatie ce jour 18/08/19. La villa que nous avons réservé et payé 6420€ pour un groupe de 10 personnes, située sur l’île de Hvar s’avère être une arnaque. Après avoir contacté le service client et s’être fait raccrocher au nez une première fois,

Julie@JulieFelice_

À la porte d’un terrain vague quand on est arrivé à l’adresse donné par @bookingcom suite à 5h d’appel avec le service client de @bookingcom aucune aide ni geste commercial.

Embedded video

4,169 people are talking about this

Тие ја изнајмиле непостоечката вила преку сајтот.

“Вилата за 10 лица која ја плативме 6.420 евра е измама. Откако ја исконтактиравме корисничката служба на “Booking”, нѝ понудија да нѝ ги вратат парите во рок од 10 дена или да букираат друга вила на наш трошок. Така се најдовме во Сплит без сместување и без решение за проблемот”, напишала Џули и додала дека е невозможно сајтот да не бил запознаен со измамата бидејќи, како што тврди таа, веќе неколку луѓе биле измамени на истиот начин.

“Од “Booking” нѝ кажаа дека не е нивен проблем што спиеме надвор”, додала таа.

Од “Booking” сè уште се немаат изјаснето по повод ваквиот инцидент.

- Реклами -