21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаГТЦ ќе добие панорамски лифт

ГТЦ ќе добие панорамски лифт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вкупно 5.874.040 денари или 95.512 евра ќе чини панормскиот лифт кој ќе води до зелениот покрив во Градскиот трговски центар. Акционерското друштво склучи договор со фирмата „Сезал“ за набавка и монтажа на панорамски лифт, кој беше најавен во рамки на проектот за зазелување на покривот на овој објект, дознава Фокус.

<

Според договорот на ГТЦ со фирмата лифтот ќе биде со четири станици, носивост од 1000 кг и стаклен од три страни.

Инаку, проектот за зазеленување ќе го опфати покривот на ГТЦ кој гледа кон Плоштад Македонија. Предвидено е да бидат зазеленети 1.800 квадратни метри така што ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 видови други садници. Меѓу другото се предвидува поставување на фонтани, монтажна бина, шаховско поле, кафуле, клупи и паркинзи за велосипеди.

Изградбата на зелениот покрив ќе чини околу половина милион евра. Инаку, покривот на ГТЦ е една од најтоплите точки во градот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...