4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаСАЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ „Вашингтон пост“: Пентагон откри дека во македонските безбедносни системи имало...

САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ „Вашингтон пост“: Пентагон откри дека во македонските безбедносни системи имало инсталирано опасен руски софтвер

spot_img

Пентагон, односно американското Mинистерство за одбрана, во 2018 година, во три земји – Украина, Црна Гора и Македонија – испратило тимови со експерти на сајбер безбедносната команда (Cyber Command teams), пишува „Вашингтон пост“.

Според американскиот весник, тимовите влегле со дозвола на владите во тие земји и оперирале „внатре во нивните мрежи за да го пронајдат опасниот софтвер кој Русија го вметнала во нивните, наводно безбедни системи“, пренесува „Мета“.

„Наидовме на вистинска ризница. Она што нѐ изненади е колку дрски биле. Нивните активности продреле многу длабоко“, изјави висок функционер во Министерството за одбрана на САД.

Екипите на експерти откриле нови делови на руски штетен софтвер (малвер) вклучувајќи и софтвер кој овозможува контрола на инфицираните компјутери од далечина и без да може корисникот да го детектира.

„Русите биле немарни бидејќи не се труделе многу да ги сокријат трагите од нападот врз мрежите, по принципот ‘ако мислиш дека никој не те гледа, не се ни трудиш да ги сокриеш трагите’“, вели функционерот.

„Вашингтон пост“ пишува дека оваа активност на САД ќе продолжи и во изборната 2020 година.

Пораката која сака САД да ја испрати на Москва, според изворот на весникот, е „знаеме што правите. Ние сме обединети против вас. Вашите активности ќе имаат последици “.

Една од нив е кога по откривањето на штетниот софтвер тој бил анализиран и постиран на интернет за да се олесни правењето анти-вируси.

Делот од кампањата бил и контранападот во кој краткотрајно била „затворена“ руската Агенција за истражување на интернетот (Internet Research Agency), т.н. – „фабриката за тролови“.

Во јули 2018 година „Мета.мк“ извести дека истражувачките новинари на „Базфид“ и Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) откриле информации за службен пат на руска специјалистка од оваа област во Македонија.

Ана Богачева, член на руската Агенција за истражување на интернетот, на прашање на новинарите што барала во Македонија во јуни 2015 година одговорила „се извинувам, ама не зборувам за мојата работа“. Нејзиниот влез во земјата наводно не бил регистриран од граничните власти, а тоа што со таков статус ѝ било дозволено да излезе без да биде испитана може да се толкува и како индиција за поврзаност со тогашната власт.

Богачева е една од 13-те руски државјани обвинети во февруари 2018 година за наводното мешање во американските избори во 2016 година. Нејзината посета се случила само еден месец откако тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов одби да го поддржи бојкотот на членките и сојузниците на НАТО на парадата по повод Денот на победата 9 мај во Москва во знак на протест поради руската агресија врз Украина. Иванов тогаш беше еден од ретките европски шефови на држави кои се придружија на рускиот претседател Путин на трибините.

На денот на парадата, во отсуство на врховниот командант, оружените сили на РМ во Куманово ја започнаа операцијата во Диво Насеље во Куманово, при која загинаа 8 полицајци и прерасна во една од најголемите безбедносни кризи по 2001 г. Наспроти тоа што веднаш по контроверзните „кумановски настани“ тогашниот премиер Никола Груевски поволно ја оцени операцијата, неколку дена подоцна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК Сашо Мијалков поднесоа оставки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...