6.6 C
Ohrid
четврток, декември 3, 2020
Почетна Македонија Херојот Марко со молитва кон Пресвета Богородица: Господи и ти Мајко Богородице...

Херојот Марко со молитва кон Пресвета Богородица: Господи и ти Мајко Богородице дај ми сила да издржам на 28-ми

Translate (Eng):[gtranslate]

Јунакот Марко со молитва кон Пресвета Богородица:

Семилосна Дево Богородице, Мајко на милоста и љубовта кон сето човештво, најсакана моја надеж и жедба! Мајко на најслаткиот и најпосакуваниот Спасител, Кој ја надвиши секоја љубов, Иисус Христос, Човекољубецот и Господ мој, Светлина на мојата помрачена душа! Јас, кој сум преисполнет од грешност и лишен од надеж, ничкум паѓам пред Тебе, и Ти се молам;  благ Извору на милоста, Дево Богородице, Која имаш бездната на Милосрдието, и го достигна дното на Состраданието и љубовта кон човечкиот род!: Биди ми милосрдна, имај милост кон мене, излевам болка и солзи кон Тебе, биди ми милостива,  мене кој сум целиот сум изранавен, бидејќи западнав меѓу  безобѕирни крадци и затоа оф леле! соголен сум од ризата во која Отецот ме облече! Затоа јас лежам оголен од секакво добро дело, моите рани се смрадни и гнојни во моето безумие. Госпоѓо моја, Богородице, со своето милосрдно око погледни ме, понизно те молам и не презирај ме, мене кој сум целиот помрачен, сиот во нечистотија, потонат во мил од страсти, страшно паднат и немоќен да станам. Сожали се на мене и подај ми ја спасувачката рака, избави ме од дното на гревот, О Радост моја! Избави ме од нив кои ме опколуваат; стори моето лице да блеска како на твој слуга; спаси ме од пропаст, измиј ја валканоста, подигни од страшниот пад: бидејќи сé ти е можно, како Мајка на Семоќниот Бог. Излиј ја на мене милоста Своја и исполни ме со питието на скрушеноста, бидејќи Те стекнав како вистинска и единствена надеж во мојот живот; не одвраќај се од мене кој ти прибегнува, но, погледни на мојата тага,  Дево, на на мојата душа копнеж, прими ја оваа молитва и спаси ме,  Посредничке на моето спасение! Амин.

Часови остануваат до големата битка на уште поголемиот борец Марко Пејчиновски со Охридското Езеро. Тој интензивно се подготвува да исплива нов подвиг долг 64 километри (Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид), кој го посветува на лицата со ретки болести и нивната секојдневна битка со предизвиците во животот.

За таа цел и во знак на поддршка на лицата со ретки болести, изработени се специјални маички по цена од 300 денари. Истите може да се подигнат во среда, 28 август, на денот кога Марко ќе плива нов подвиг, на штандот кој ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12 часот, се до пристигнувањето на охридската пливачка легенда на целта.

РЕКЛАМА

Приходот од продажбата на маичките ќе оди во хуманитарни цели, односно за лицата со ретки болести!

- Реклами -