7.8 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаЗабаваШефови од пеколот! - „Ме отпушти бидејќи не сакав да му бидам...

Шефови од пеколот! – „Ме отпушти бидејќи не сакав да му бидам љубовница“

Мислите дека вашиот претпоставен е лош? Овие вистински приказни ќе ве демантираат.

Вработени со шефови од пеколот – на апликација за анонимни признавања, „Whisper“, ги споделиле своите искуства, а многу од нив се навистина ужасни.

„Кога ми почина член од моето потесно семејство, побарав слободен ден за да отидам на погребот. Шефот не ми дозволи со образложение дека работата е на прво место. Додаде дека ќе добијам отказ ако отидам. Дадов отказ. Беше чудовиште“, напишал еден корисник на споменатата апликација.

„Мојот најлош шеф беше во последната компанија каде што работев. Ме понижуваше и се обидуваше да имаме секс во неговата канцеларија. Толку ми е драго што се оддалечив од него“, напишала една девојка.

„Мојот шеф беше апсолутен расист. Откако го пријавив, дадов отказ и си заминав“, вели трет корисник.

„Се повредив на работа и барав надоместок за тоа. Мојот шеф се обиде да ги наговори моите претпоставени да ме исплашат, а потоа ми испраќаше заканувачки мејлови“, напишал еден вработен.

„Во кафулето на бензинската станица на која работев, шефот секогаш ја оставаше храната додека не се расипе. Кога ќе ја тргнев од полицата, ми приговараше. Му се пожалив на регионалниот управител, но тој ме изигнорира, па ја променив работата.“

„Во барот и ресторанот во кој работев, шефот кој беше во брак – доаѓаше пијан и ги малтретираше вработените. Дадов отказ насред смена и никогаш не се вратив“, признава поранешна вработена.

„Шефицата ме уценуваше поради робата која таа ја украде од маркетот“, се жали друга.

„Шефот ме отпушти бидејќи не сакав да му бидам љубовница. Ова не може ни да го замислите“, уште една исповед.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопругот на Лидија: Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива, нашите ќерки, јас, те очекуваме

Петти ден се трага по исчезнатата Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Сопругот на исчезната Лидија, Свето Трајковски моли за помош за било каква информација....

Тешка битка за живот: Готвачот од Канал 5, Антонио Јанковски бара помош.

Готвачот кој учествуваше во кулинарската емисија на „Канал 5“ сега се соочува со сериозна здравствена борба, дијагностициран му е рак, а истовремено страда и...

Севдије Коџа разрешена поради фалсификуван сертификат по англиски од Бугарија.

Општата болница со проширена дејност Дебар, од денеска има нов директор, дознава „Слободен печат“. Досегашната директорка на болницата педијатарката Севдије Коџа е разрешена од...

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф.

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф Викендов што помина на 09.11 2024 во , соседна Албанија се одржа ревијален...