17.9 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА, ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА !!

ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА, ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА !!

Ги повикуваме Македонците во Австралија овој 8ми Септември, Денот на назависноста на Република Македонија, да го одбележат со присуство на семакедонскиот собир пред узурпираната Македонска амбасада во Канбера.Фотографија на Igor Avramovski Aleksandrov.

Да демонстрираме солидарна и гласна афирмација на Македонската национална самоопределба за своја суверена држава, заснована на домородното историско, културно, јазично, етничко и слободарско наследство на едната и единствена Македонија, која ја делат државните граници на Република Македонија, Република Грција, Република Бугарија и Република Албанија.

На корумпираните узурпатори на Република Македонија, нивните домашни соучесници и странски покровители, да им упатиме силна и јасна порака дека:

1. Никогаш нема да им ја прифатиме како легитимна дивотворбата наречена ‘Република Северна Македонија’, која е прогласена со криминално и насилно задушување на суверенитетот и човековите права и слободи на македонскиот народ.Фотографија на Igor Avramovski Aleksandrov.

2. Никогаш нема да го прифатиме како легитимен нивниот насилно наметнат устав, кој претставува негирање и задушување на македонската правна нација, Република Македонија, вклучувајќи ги нејзините Илинденски и АСНОМски темели, како и демократската волја на носителите на нејзиниот суверенитет, директно изразена на референдумот за независност од 8ми Септември 1991ва, а утврдена и со успешниот бојкот на нелегитимниот антимакедонски референдум од 30ти Септември 2018.

3. Никогаш нема да го прифатиме нивниот неовластен и угнетувачки обид во име на Република Македонија да се откажат од фактот дека Македонците се рамноправни припадници на човечкиот род, за кои подеднакво важат човековите права и слободи утврдени со Законот за човекови права на Обединетите Нации.

4. Никогаш нема да им го признаеме како легитимен етнодискриминаторскиот и репресивен Охридски Рамковен Договор, со кој се укинува еднаквоста на секој граѓанин пред правото, независно од етничка или верска припадност; се создава систематска етно-партиска сегрегација на државата; и се наградува и претвора во привилегиран стопан на државата една банда на убиствени гангстери, киднапери, силувачи, терористи и расисти, при што дополнително се оштетуваат нивните жртви и се создаваат нови.

5. Никогаш нема им да го прифатиме како легитимно укинувањето на единственото слободно усвоено знаме на суверена Република Македонија и неговата замена со знаме насилно наметнато за да се задоволат антимакедонските политики на странска држава.

6. Никогаш нема да ја прифатиме како легитимна антимакедонската и репресивна ‘Времена спогодба’ на политичките власти на Република Македонија и Република Грција, од 13ти Септември 1995, врз чие бесправно оспорување на македонскиот домороден идентитет и македонскиот национален суверенитет се темели и антимакедонскиот ‘Преспански договор’ од 12 Јуни 2018.

Овој 8ми Септември 2019, Денот на независноста на Македонската Република да го одбележиме гласно и обединето исправени пред поткопувачите на таа независност. Да покажеме дека македонскиот народ е достоен на својата национална самостојност и на претците кои за нејзиното постигнување ги живееле, рескирале, жртвувале или загубиле своите животи.

Игор А. Александров
Македонска православна заедница од Австралија (Сиднеј)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Теа од Куманово ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико. Титулата Мис...

Ристовски: Познатите спортисти во Македонија нема повеќе да рекламираат казина и спортски обложyвалници.

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Станува збор...

Пекара Жито Леб-Охрид: Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување на Бојана

Донираме ние, донирај и ти за Бојана! Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување...

Охриѓанката Миа Танеска повторно се закити со злато, Христијан Шибакоски !!!!!

Викендов на 5-ти октомври(сабота), се одржа возбудлив Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години во Плевен соседна Бугарија, на кој учествуваа околу 180...