Благодарение на градоначалникот Ногачески учениците од ОУ „ДЕБРЦА“ и оваа година ќе добиваат бесплатна ужинка

Учениците од ОУ „Дебрца“ и годинава ќе добиваат ужинка, најави градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Како што појаснува тој, с о оглед на тоа да на првично објавената тендерска постапка не се јавил ниту еден заинтересиран економски оператор за набавка на ужинката, постапката е повторена и деновиве треба да заврши.

-Очекуваме од втората половина на овој месец да започне примената на мерката-ужинка за секој ученик за оваа учебна година.Минатата учебна година за првпат ја воведовме мерката-ужинка за секој ученик во Основното училиште. Средствата за ужинката се обезбедија од буџетот на општината. Оваа мерка не е укината и ја продолжуваме и оваа учебна година, вели Ногачески.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here