4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаСо собирање пластични шишиња низ Битола успеале да го школоваат својот син...

Со собирање пластични шишиња низ Битола успеале да го школоваат својот син Томе, и да стигне до светскиот натпревар по астрономија

spot_img

Неговото семејство по транзицијата се соочи со финансиска криза. Преживуваат со една плата и од собирање шишиња. Но, слабата материјална состојба не го спречи Томе Kиријази (18) да напредува во учењето. Од прво одделение основно училиште до четврта година средно не добил помала оценка од петка. Годинава матурира како првенец на генерацијата во техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола.

Во средината е познат како многу талентиран математичар и физичар со солидни познавања по астрономија. Покрај честите присуства на регионални и државни натпревари по математика, каде што освојувал и награди, летово ново искуство за него беше учеството на Светскиот натпревар по астрономија и астрофизика во Сучава, Романија. Неговата сторија ја пренесув Дневник.

– До 11 август бев дел од огромен тим со двесте млади таленти по астрономија од 32 држави од светот. Местото си го обезбедив бидејќи бев меѓу првите пет победници на натпреварот по астрономија во Македонија. Во Романија имавме тест со решавање задачи, теоретски дел, практичен дел како обработка на податоци од астрономија, набљудување со телескоп и дел од планетариум – вели младиот и талентиран Kиријази.

Природните науки ги носи во малото прсте. Вели дека никогаш дома не бубал за да научи, туку она што ќе го слушнел на школо го запаметувал. Доволни му се неколку секунди да ги разгледа податоците запишани на лист хартија, а потоа без грешка да ги интерпретира. Љубовта кон астрономијата се појавила кога тргнал во средно училиште и кога професорката по физика го вклучила во натпреварите. За жал, во Романија не се пласирал меѓу победниците поради големата конкуренција.

– За натпреварот сами се подготвуваме дома од интернет и од книги што ни ги даде професорката. Во Битола нема многу услови за да напредуваш во астрономијата, немаме опрема, телескопи. Во Романија имавме можност да се запознаеме со напредна опрема и да научиме повеќе од другите учесници – додава Kиријази.

Сметувањето во Романија му било платено, но патувањето и престојот на младиот Томче таму го помогнала општинската организација на Црвениот крст од Битола.

– Црвениот крст ни помага, го облече за матурата и му дадоа пари за Романија, 250 евра. Му останаа 50 евра и следниот ден ги вративме. Благодарение на Црвениот крст имаме интернет и лаптоп дома. Инаку, имаме три деца, јас сум домаќинка, мажот ми работеше во фабрика, но таа отиде во стечај. Едно време земавме социјална помош, но ни ја укинаа. Сега моментално собираме шишиња и големата ќерка работи – раскажува мајката Зорка Kиријази.

Таа се жртвувала за да ги прехрани и школува децата.

– Предвреме ќе ги прашав што им треба за училиште зашто финансиски сме слаби, да не им недостига тетратка или некој прибор, па да се чувствуваат инфериорно. Ако требаше јас немаше да јадам дента, за нив да има храна за на училиште. Од книжарницата, ако требаше, ќе позајмев прибор – додава пожртвуваната мајка.

Нејзиниот труд се исплати зашто синот од средношколските води исплива со диплома за најдобар ученик, а за еден месец ќе биде бруцош на новиот Факултет за информатички и компјутерски технологии во Битола.

Share this:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...

Пукање во Дебар – непознати напаѓачи пукале во полицајци кои се обиделе да ги запрат !!

Полицајци од граничната полиција вчеравечер во Дебар биле нападнати од двајца непознати напаѓачи, кои пукале во нив откако полицајците ги забележале како се движат...