30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаЗабаваПоминал неверојатни 4 милиони километри со својот камион: За „Сканија“ нема запирање!

Поминал неверојатни 4 милиони километри со својот камион: За „Сканија“ нема запирање!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е љубов која трае и ќе трае… двајцата пријатели од Данска и Шведска се вистински маратонци.

<

Кога ќе направите доволно километри со камионот, веќе почнувате да го чувствувате како да ви е стар пријател, а не обично возило. Таков е односот помеѓу Данецот Леиф Ериксен и неговиот шведски камион „Сканија 142“.

Произведен во 80-тите години од минатиот век, овој камион со 14-литарски V8 мотор има поминато неверојатни 4,147,000 километри, од кои најголемиот дел со Ериксен зад воланот. Иако поминатата километража изнесува исто колку и пет пати да патувате до Месечината и назад, Ериксен вели дека немал некои поголеми проблеми со камионот.

„Годините минуваа, но јас никогаш немав никакви проблеми. Нема никакви гаранции, секако, со оглед на тоа што има поминато толку многу километри. Но, освен редовното одржување, на камионот не се направени некакви големи поправки“, вели Ериксен.

Тој саботите најчесто ги минува перејќи го својот камион и вршејќи мали поправки на овој камионски класик. Ериксен после толку години возење, вели дека знае која му е идеалната точка во возењето.

„Го возам леснои полека со брзина од 80 до 85 километри на час. Тоа е идеалната брзина, со околу 1500 вртежи во минута“, вели Ериксен.

Господинот Ериксен кој има завидна кариера, вклучувајќи превоз за познатата данска пивара “Carlsberg”, вели дека сега е подготвен за одмор: „Во октомври ќе наполнам 70 години и полека доаѓа времето за пензија“.

Честитаме Леиф, одмори се, затоа што го имаш заслужено тоа!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...