15.4 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаСветЦИА ова нешто го криела 50 години! Шпионирале со помош на тренирани...

ЦИА ова нешто го криела 50 години! Шпионирале со помош на тренирани животни – за советските подморници гулабите биле поефикасни од сателити!

ЦИА ја тргнала својата ознака за тајност од досието кое открива како гулабите биле користени во тајни шпионски мисии во текот на Студената војна.

Во документите опишано е дека гулабите биле истренирани да “фотографираат“ сомнителни локации во Советскиот Сојуз, но и тоа како гавраните биле користени да испуштаат уреди за прислушкување на праговите од прозорците, а делфините биле користени за подводни мисии.

Операцијата од 70-те години на минатиот век со име “Такана“ ја истражувала употребата на гулабите со минијатурни камери кои автоматски снимаат и фотографираат, се наведува во објавените досиеја.

ЦИА го искористила фактот што гулабот има неверојатна способност, речиси супермоќ, да може да биде оставен некаде каде што никогаш не бил и да го пронајде патот до дома, пренесуваат од Би-би-си.

Во рамките на операцијата “Такана“ истражено е користењето на другите животни за потребите на разузнавачките служби, па така ЦИА ги тренирала гавраните да испуштаат и повторно да ги земаат малите уреди со тежина од 40 грама на прагот од прозорците на непристапни згради.

ЦИА исто така истражувала дали птиците преселници можат да се искористат така што ќе им се постават сензори со кои може да се утврди дали во Советскиот Сојуз се тестира некое хемиско оружје.

Очигледно дека имало и некои тестирања со некој вид на електрична стимулација на мозокот за кучињата да бидат управувани, но многу детали околу тоа се оставени во тајност.

ЦИА во текот на 1960-та година се обидувала да ги користи и делфивните за да се пробијат во пристаништата. Проблемот настанал тогаш кога агентот не можел да преземе целосна контрола на делфинт поради тренерот кој што работел со него.

На крајот се заклучило дека гулабите се најефикасни и во текот на 1970-те ЦИА почнала да спроведува серија тајни мисии. Користена била камера вредна околу 2.000 долари, тешка само 35 грама, а фотографиите кои биле направени биле со неверојатен квалитет.

На фотографиите јасно се забележувале детали на луѓето кои се возат со автомобил со поголем квалитет и од оние кои во тоа време се правеле со сателити.

Во текот на Втората светска војна, малку позната британска разузнавачка служба, MI- 14, исто така спуштала гулаби во контејнерите со падобрани во окупираните европски земји. Повеќе од 1.000 гулаби се вратиле со пораки, вклучувајќи детали за локации, за лансирање ракета V1 и германски радарски станици.


spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пекара Жито Леб-Охрид: Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување на Бојана

Донираме ние, донирај и ти за Бојана! Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување...

Охриѓанката Миа Танеска повторно се закити со злато, Христијан Шибакоски !!!!!

Викендов на 5-ти октомври(сабота), се одржа возбудлив Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години во Плевен соседна Бугарија, на кој учествуваа околу 180...

Благодарение на Конти, стотици кавадарчани и кавадарчанки ставија порцелански заби

Само од Кавадарци имало околу 8.000 лица кои биле вклучени во пирамидалната шема Конти, која е актуелна тема во земјава, откако од пред околу...

Боки 13 најавува филм РЕКЕТ: Верувајте дека ќе занеме целиот свет!

Бојан Јовановски- Боки 13, најавува филм под наслов Рекет, како случајот поради кој заврши зад решетки. -Почитувани, со оваа фотографија го најавувам документарно-играниот филм “РЕКЕТ” Верувајте...