Загинатиот планинар во Грција на планината Олимп е скопјанец, роден 1962 година со иницијали М.Г. потврдуваат од македонското Министерство за надворешни работи. Детали за тоа што се случило се уште нема и се очекува да се знаат утре по обдукцијата.
Според информациите кои претходно ги јави агенцијата МИА тој паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило. Во групата, пишува агенцијата, биле околу девет лица, а телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него. Некои медиуми јавија дека се работи за планинар член на планинарското друштво Шкупи.
Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.