13.3 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаИзложбата „100 години Требеништa“ ќе трае до крајот на месецов

Изложбата „100 години Требеништa“ ќе трае до крајот на месецов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Уште 20-ина дена јавноста има можност во Археолошкиот музеј во Скопје да ја види ексклузивната меѓународна изложба „100 години Требениште“ која претставува околу 400 вредни артефакти откриени во некрополата Требениште кај Охрид, меѓу кои е и златната маска прикажана на 500-денарките.

<

Од нејзиното откривање во 1932, оваа маска првпат ја напушти матичната поставка во Народниот музеј во Белград за да гостува во Археолошкиот музеј по повод едновековниот јубилеј од откривањето на некрополата Требениште во 1918 година. Од Археолошкиот музеј за МИА велат дека од средината на март, кога беше отворена, изложбата досега ја виделе речиси 10 илјади посетители.

Изложбата „100 години Требениште“ беше долго подготвувана и организирана во соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и Музеј во Софија, каде што ќе гостува во наредните две години како заеднички проект на три држави.  Интерес има и во Париз, Берлин, Загреб и Виена, како и во други градови за кои Археолошки дополнително ќе информира по затворањето на изложбата на 31 август.

Посетителите најмногу ги привлекле и се интересирале токму за четирите златни маски т.е. одразите на ликови од непознати владетели втиснати во златна фолија. Се работи за великодостојници кои во 6 и 5 век п.н.е., во т.н. архајски период, го населувале северниот брег на Охридското Езеро. Но, исто така, посетителите се восхитени и од изложениот накит од злато, сребро и килибар, ексклузивните садови изработени од сребро и стакло, керамика итн.

Сето тоа било скриено повеќе од две и пол илјади години под слоеви земја во гробницата во Требениште до случајното откривање на 20 мај 1918 година кога бугарски војници го поправале патот меѓу Охрид и Кичево, веројатно за воени потреби. Во градежните зафати тие користеле камења од околните ниви.

Златната маска претставена на нашата банкнота од 500 денари е откриена во 1932 година при втората кампања на истражувањата на требенишката некропола од српски археолози. Таа е најдена во гроб на женски покојник и засега е единствената златна маска откриена на овој локалитет која ѝ припаѓа на благородничка, за разлика од останатите три златни посмртни маски кои им припаѓаат на требенишките владетели.

Оваа и уште една златна маска од четирите претставени на изложбата се чуваат во Народниот музеј во Белград, а другите две златни маски денес се дел од збирката на Националниот археолошки институт и Музеј во Софија. Сите четири маски потекнуваат од 6-тиот и почетокот на 5 век п.н.е.

До крајот на август изложбата  е отворена за посетители од вторник до недела од 10 до 18 часот. Влезот е 200 денари.

Гостувачката изложба од Казахстан, пак, која го прикажува Златниот човек – најпознатиот артефакт на таа азиска земја, во Археолошкиот музеј може да се види до недела, 11 август. Влезот за оваа изложба е бесплатен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...