8.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаСветЖенски кондом со заби за заштита од силување

Женски кондом со заби за заштита од силување

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бројот на жените кои пострадале од силување постојано се зголемува, особено во помалку развиените земји. Некои од жртвите го пријавуваат злоделото сторено врз нив, но некои од срам или поради страв цел живот тивко страдаат.

<

Со цел да ја намали бројката на жени кои стануваат жртви на силување, д-р Сонет Елерс создала женски кондом со „заби“. Производот е наречен Rape-aXe и се поставува во вагината исто како тампон.

Д-р ЕлерсД-р Елерс држи во рацете примерок на женски кондом Rape-aXe

Во внатрешноста на Rape-aXe има неколку реда „заби“ кои се закачуваат на пенисот при пенетрација. Тоа веднаш би требало да го оневозможи силувачот да продолжи со своите намери, затоа што откако забите ќе се закачат во пенисот, може да ги извади само стручно лице.

„Го боли, тој не може да мокри и да оди додека кондомот е врз пенисот. Ако се обиде да го извади, кондомот ќе се закачи уште посилно… но, не ја пробива кожата“ – објаснила д-р Елерс.

Идејата за еден ваков проект се родила во главата на Елерс уште пред 4 децении, кога се сретнала со жртва на силување. „Нејзините очи беа безживотни, таа беше како труп што дише. Ме погледна и рече: Само ако имав заби таму долу“ – раскажала Елерс во интервју за CNN. Уште тогаш Елерс ѝ ветила на девојката дека некој ден ќе направи нешто со коешто ќе им помага на луѓето како неа.

Инвентивната докторка од Јужна Африка признала дека си ги продала куќата и автомобилот за да го лансира овој проект и дека планира да распространи 30 000 бесплатни вакви кондоми за време на Светското првенство во фудбал.

Откако ќе помине периодот наменет за тестирање, женските кондоми Rape-aXe ќе се продаваат по цена од 2 долари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...