18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаТијана има само една желба - да јаде: Никогаш немала кукла, а...

Тијана има само една желба – да јаде: Никогаш немала кукла, а куќата во која живее е пред распаѓање

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Марија Дојчиновиќ и нејзината 5 годишна ќерка Тијана Рамани од селото Горна Козница кај Сурдулица, се гладни како никој, а секој нов ден им носи нова неизвесност, дали ќе успеат некако да го преживеат.

<

Тијана има само една желба, а тоа е да има што да јаде, бидејќи нејзината самохрана и болна мајка не е во можност да и обезбеди храна.

Нивниот двор се разликува од сите дворови на останатите домаќинства во ова планинско село. Мала градина со пиперка и компири, грмушки наместо ограда, довлечени гранки за греење и мала патека која води до куќата им се целиот свет.Во само неколку квадрати со постојана опасност дека плафонот ќе им се сруши на главите, оваа мајка и ќерка ги поминуваат овие денови. Стариот шпорет, еден стар креденец, фотеља и двосед, масичка и земјен под. Тоа е се, нема телевизор, ниту друг апарат за домаќинство. Се е половно и отфрлено од семејствата кои имале повеќе среќа во животот. Од едниот до другиот крај на собата имаат закачена жица со алишта на која висат јоргани, ќебиња и детска гардероба.

„Ние две сме сами, немаме никој. Таткото на Тијана не напушти, детето скоро и не го познава. Ни јас немам никој, татко ми го немам запознаено, мајка ми, баба ми и дедо ми се починати, па така сме сами. Опстојуваме благодарение на комшиите и луѓето, единствениот приход ни е детскиот додаток и социјалната помош. Имам и долг за струја од 60.000 деинари и стравував да не ни ја прекинат. Струјата ја користиме само за светло, една сијалица и тоа е тоа“ – вели Марија за Телеграф.Тијана нема ниту чизми за зимото, а ни јакна. Оди во искинати кломпи и раскажува дека едвај чека да замине на училиште.

„Тијана нема боенки, сликовници, боички, бидејќи 3.500 динари од детскиот додаток и 9.5000 динари од социјалната помош морам да ги чувам за храна, но никако да го поминеме месецот. Завршив средно техничко училиште, работев како келнерка, сега сум без работа“ – додава оваа измачена мајка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...