23.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветЦело соседство го забавува тригодишно дете, кое мора да седи дома зашто...

Цело соседство го забавува тригодишно дете, кое мора да седи дома зашто се лекува од рак.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заедницата во Вејмут, Масачусетс, се обидува да го забавува тригодишниот Квин Вотерс изведувајќи трикови, пеејќи песни и возејќи камиони пред неговиот двор. Квин мора да седи дома во изолација откако претходно имаше трансплантација на матични клетки и хемотерапија во голема мера што го сруши неговиот имунолошки систем.

<

На Квин му бил дијагностициран медулобластом – форма на карцином на мозокот – во април и сега мора да остане дома и да биде на ригорозна диета.

Но, пријателите и непознати луѓе секојдневно запираат покрај неговиот прозорецот и го поздравуваат, го забавуваат во обид да му помогнат да ужива во животот и покрај неговите медицински проблеми.

Фото: Associated Newspapers

Без оглед дали некој пее песна или жонглира, или едноставно свири со свирката од автомобилот, Квин внимателно следи што се случува надвор.

– На Квин му беше дијагностициран карцином на мозокот оваа година, по само неколку дена од неговиот роденден – вели неговата мајка Тара Вотерс, која е полицаец во полицискиот оддел во Квинси.

– Посетите почнаа кога еден мој пријател, кој е музичар, ја промени песната „The Mighty Quinn“ за да одговара на Квин и дојде да му пее под прозорец. Потоа моите колеги од единицата за специјални операции беа во близина и застанаа да го поздрават. Сите го прават тоа од љубов кон Квин. Луѓето се неверојатни. Специјалната единица на полицијата организираа масивна борба со балони полни со вода, а Квин ептен се израдува – рече неговата мајка.

– Секоја мала или голема посета му го прави денот поубав. Тоа е неговиот прозорец кон светот. Добро е што може да се дружи и да остане нормален, макар тоа било и низ прозорец. Така што, и покрај оваа ужасна болест, постои добрина во светот и Квин имаше искуство што некои деца никогаш го немале. Тој не бара да оди надвор и не се лути што не може, не се сожалува себеси и има позитивен поглед кон животот. Се смее и игра сè до вечерта. Неговата фраза е: „Ова е најдобриот ден досега“, и ја повторува повеќе пати секој ден.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...