6 C
Ohrid
вторник, октомври 22, 2019
Почетна Свет 13 годишниот Дејан има идеја да изработи сателит, а НАСА ја прифати:...

13 годишниот Дејан има идеја да изработи сателит, а НАСА ја прифати: Светот ќе го запознае малиот генијалец

Translate (Eng):[gtranslate]

Проектот на 13 – годишниот Дејан Лукиќ од Брод за изработка на сателит за комуникација го прифати и прочуената НАСА (Националната авијациска и вселенска администрација), која заедно со Европската Вселенска Агенција ќе ги плати и покрие трошоците за лиценцата за контрола на сателитот, како и за документацијата.

Дејан вели дека сателитот кој ќе биде средно оптоварен, за сега постои само на хартија, односно дигитално.

„3Д модели, нацрти и софтверот беа најголема пречка, бидејќи по критериумите на НАСА се мора да биде професионално документирано за јавноста. Планираме да продолжиме со правење на сателитот, ја прифатија оваа идеја и ми дадоа рок до мај 2020 година“ – појасни ова талентирано момче, пишува порталот Banjaluka.com.

РЕКЛАМА

Како што вели, сателитот дава интернет и мобилна конекција. Интернет конекцијата се базира на CAT светскиот систем за интернет до брзина од приближно 4000Gbit/s (500gb/S) и без доцнење (интернетот би бил многу побрз и поефтин отколку сега), додека мобилната конекција ќе поддржува кристално чисти разговори на оддалечени локации.

„Идејата за ваков сателит ја имав уште од 2016 гоидна (тогаш имал само 10 години), но тогаш не знаеев дека постои „NASA Launch Initiative program“. Дури оваа година дознав дека НАСА на младите им дава финансии за такви проекти. Работев на него од април 2019 година, а во мај ми помогна мојот пријател НИкола Пеулиќ, околу програмирањето на кодот и поправањето на грешките, бидејќи главниот компјутер во сателитот се состои од повеќе од 400.000 линии со кодови. Информатички сум писмен, читав многу за Никола Тесла, Илон Маск, Томас Едисон и Алберт Ајнштајн, тоа ми помогна во ова“ – појаснува Дејан.

Истакнува дека од џепарлакот одвојувал за сателитот, малку по малку и нагласува дека НАСА планира да одвои 45.000 долари, доколку лансирањето биде успешно.

„Имав малку сомнежи поради тоа, но позитивно размислував. Мислев дека ќе ме изберат бидејќи идејата е иновативна – во Земјината орбита постојат само неколку сателите за брз пренос на податоци“ – вели тој.

Според неговите зборови, сателитот би требало да биде лансиран со помош на „Falcon 9“ и „Falcon Heavy“ ракетите кои ги произведува „SpaceX“ (првата компанија која испрати приватна ракета во вселената).

„Датумот на лансирање е од 25 – 30 мај 2020 година. Ќе биде лансиран од Флорида со историската подлога за лансирање 39А, на која беше лансирана Saturn 5 ракетата која ги однесе луѓето на Месечината. Сателитот ќе биде лансиран во ниска Земјина орбита на висина од 480 километри и иклинација од 54 степени“ – раскажа Дејан.

Сателитот ќе биде во орбитата од 120 до 180 дена, тоа зависи од положбата на Земјата во однос на Сонцето и останатите небесни објекти поради гравитацијата.

„Наидов на проблем со радијацијата, сателитот ќе има дигитален Гајгеров пројач кој ќе ја следи радијацијата во вселената и по потреба ќе ја гаси и пали електрониката. За тие 120 – 180 дена сателитот ќе им овозможи интернет конекција на сите кои имаат сателитски приемници“ – истакна талентираното момче.

Дејан истакнува дека доколку оваа мисија биде успешна, планира да направи друг сателит кој ќе им помогне на луѓето кои се занимаваат со сточарство. Сателитот ќе ги надледува земјиштата.

Направил и хибриден ракетен мотор.

„Тоа го направив неодамна, но пораид овој сателит го прекинав тој проект. На своите врсници и препорачувам да ги следат своите соништа и да не се обесхрабуваат поради пропаднати проекти, недостаток на финансиски средства. Некогаш е сосем доволна поддршката од еден родител кој го имам. За она што го сакате, вреди да се борите“ – заклучи Дејан.

Неговата мајка, Дијана Ждрња вели дека поради успехот, нејзиното дете се чувствува гордо и возбудено, бидејќи сепак станува збор за најголемата вселенска агенција, која ја одобри идејата на нејзиниот син, идејата на еден тринаесетгодишник.

„Секогаш верував во својот син, навистина, бидејќи секогаш е вреден, по училишните обврски, работи на своите идеи, но јас бев и реална. Јас сум невработена, исто така и самохрана мајка, па така колку и да работеше син ми дигитално, компјутерски, потоа скици, знаев дека реално немаме финансиски средства замисленото да се оствари. Понекогаш од џепарлакот син ми одвојуваше и си купуваше некои делови за изработка на своите проекти. Кога ми кажа дека им напишал на НАСА, искрено не му поверував“ – вели таа.

Додава дека поддршката од родителите е многу важна.

„Главниот извор на учење за електротехниката, физиката, проектите на НАСА, за најпознатите научниците од тоа поле тој ги црпеше од интернет. Друи оваа година има предмет физика во училиште, која се уште не може да му даде доволна количина на знаење, а да не зборува за електротехниката која се учи во средно училиште, па затоа знаењето кое му е потребно го добива од интернет“ – истакнува Ждрња.

Дијана е наставничка по професија, а веќе долго време безуспешно пробува да најде работа.

„Финансиски не беше лесно да прави овој проект, а изгледа дека самиот сателит нема да биде евтин, но сериозно размислувам да одам да работам еден месец во Италија, да ја поправам финансиската состојба и да му помогнам на син ми околу изработката на сателитот, бидејќи за детето и неговите соништа треба да се направи се“ – заклучи таа.

Извор: telegraf.rs / banjaluka.com

- Реклами -