30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонија„Главата горе-изјасни се дека си Македонец“- Кампања на Илинден од Тирана

„Главата горе-изјасни се дека си Македонец“- Кампања на Илинден од Тирана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, македонското друштво „Илинден“-Тирана започна медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се. Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Тој посочува дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само на Македонците во Мала Преспа.

<

Но и тие доколку решат да живеат надвор од Преспа го губат тоа право. И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, сеуште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но,без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава Ѓурѓај. Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик, додава тој и нагласува дека освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија. Освен што ги повикуваме да се изјаснат слободно тоа што се, нагласува Ѓурѓај, ќе работиме и на зачувувањето на нашиот идентитетот, културата, традициите, историјата и обичаите. Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...