12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаУтре е Крстовден: Тежок празник и строг пост!

Утре е Крстовден: Тежок празник и строг пост!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

<

Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло.

Некои верници на овој ден јадат само леб и грозје.

Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје . Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...