28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДЕДО МИЛАН РИСТОВ ОД ВЕЛЕС, ГО ПРОСЛАВИ СТОТИОТ РОДЕНДЕН.

ДЕДО МИЛАН РИСТОВ ОД ВЕЛЕС, ГО ПРОСЛАВИ СТОТИОТ РОДЕНДЕН.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

оден е во годината кога е убиена е Роза Луксембург, кога е основан Бентли, кога е формирана Коминтерната и се родиле Евита Перон, Михаил Калашњиков и шахот Реза Пахлави. Велешанецот Милан Ристов вчера наполни еден век живот. На несекојдневниот јубилеј ги собра неговите деца, внуци и правнуци. Му се наполни срцето, оти семејството, вели, го одржува во живот.

<

Милан Ристов е еден од најстарите живи Велешани. Современик е на многу историски настани. До својата 27 година живеел во воени времиња, во кој и самиот бил учесник.

Иако од повоена Југославија не добил ниту боречка пензија, тоа не го скршило. Чесноста и правичноста, вели дедо Милан, е најдобриот лек за долговечност.

Често знае да ме седне, да се напиеме по една чашка ракија, раскажувајќи ми за својот живот, полн со спомени, раскажува неговиот син Благој. Тајната во неговиот долг живот се принципите, до кои сеуште се држи, вели тој.

Неговите му подготвија роденденска торта. Дувајќи ги свеќите, му посакаа здравјето да го крепи, па на овој ден да се собираат уште долго. Евита, Калашњиков и Пахлави се одамна на оној свет. Но, стогодишниот дедо Милан Ристов не се дава. Вети дека ќе се видиме и следната година, на неговиот 101 роденден.

24тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...