4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОтецот под чија закрила многумина го нашле својот спас

Отецот под чија закрила многумина го нашле својот спас

spot_img

Македонското древно светилиште Свети Јован Крстител – Бигорски манастир, стожерот на македонската духовност, бисерот на мијачката архитектура, на импозантниот иконостас во манастирската црква, има дола историја и монашка традиција. За две години, во 2020 г., Манастирот ќе го прослави својот голем јубилеј 1000 години од основањето, навистина редок настан за нашата татковина Македонија, за општожителното словенско монаштво, како и за православието воопшто.

По Божја промисла, пред околу 23 години, некаде кон крајот на јули 1995 година, младото момче од Битола, тогаш 24-годишниот Зоран Фидановски, идниот о. Партениј, по неколку години минати во светогорскиот манастир Григоријат, со благослов на надлежниот Дебарско – кичевски владика, митрополит г. Тимотеј, ја започна својата благородната и особено макотрпна мисија за обнова и продолжување на вековната духовна традиција во ова македонско православно светилиште. Оваа духовна обнова беше повеќе од потребна зошто по упокојувањето на последниот монах и игумен Спиридон во 1948 година, монашкиот живот во Бигорски беше сосема згаснал, свети богослужби одамна немаше. Кога отец Партениј го пречекори манастирскиот праг, во него сите траги од монашкиот живот беа веќе избришани. Храмот на Претечата нечист, Долни палат руиниран, Горни палат во распаѓање, немаше ни електрична енергија, ни водоводна мрежа, ниту некакви основни услови за живот. Духовноста беше целосно замрена.

Голема и тешка беше задачата што тогаш беше поставена пред младиот, но трудољубив архимандрит Партениј, новиот игумен на Бигорскиот манастир, и бројни се неговите дела, но во оваа прилика ќе спомнеме само дел од она што тој, заедно со своите монаси и монахињи, создадоа за изминативе 23 години. Така, во самото Бигорски светилиште запуштениот манастирски храм беше целосно очистен, реставриран и благолепно украсен; потоа на старите основи што го преживеаја пожарот од 1912 година, автентично беше возобновен и надграден Долни палат; а по пожарот од 2019 г. целосно беше возобновен Горни палат и од темели подигнат новиот, претходно непостоечки Источен палат. Во поглед на метосите, пак, најпрвин во 2001 година беа изградени манастирските конаци во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рачјица, така што овој бигорски метох, од штала за животни, стана бисер на современата македонска архитектура: во 2012 година долнореканското село Ростуше се закити со еден прекрасно архитектонско здание – храмот на Пресвета Богородица; во тек е изградбата на бигроскиот скит „Свети Кирил и Методиј“ во селото Битуше, – каде што игуменот Партениј предвидел посоодветно место за летните кампови за веронаука на најмладите, што веќе неколку години наназад се одржува во Бигорски и Рајчица. А што се однесува до неговата неуморна грижа да го заживее овој крај, пред повеќе од една година, на самиот регионален пат под Бигорски, започна да работи ресторанот „Куќа на Мијаците“, исклучителна етно градба, би рекле и споменик на мијачката култура од овој живописен и културно-историски многу значаен предел.

Би можеле уште долго да зборуваме за заслугите на архимандритот Партениј во поглед на материјалната возобнова и доизградба на Бигорското светилиште, но неспоредливо позначајна од бројните градежни потфати е неговата духовна и општествена мисија, спроведувана со несмален интензитет во текот на изминатите две децении. Знаејќи дека духовната обнова на секој манастир започнува, пред се, со обновата на литургискиот живот, уште од самиот почеток о. Партениј се погрижи во Бигорски да го воведе редовниот православен богослужбен циклус. Секако, посебен и најдрагоцен Божји дар и благослов за Бигорската свештена обител е обновата на православното стрчество, коешто е венец на духовниот подвиг. Духовното раководство на старецот, преку светите тајни исповед, покајание и причест, е срце на духовниот живот, од коешто исходи божествената воскресенска благодат, што ги преобразува душите на луѓето. Сето тоа придонесе светилиштето да стане духовно прибежиште за верниот народ, при што големиот број новооцрковени верници, заедно со возобновеното општежително монаштво, станаа дел од духовната преродба што ја зафати и целата наша татковина.

Како искусен и добро образуван духовен раководител, отец Партениј со својата крајна несебичност и пожртвуваност за другите и за татковината, има примено под своја закрила илјадници од Македонија и пошироко, помагајќи им да најдат утеха, спокој и решение на животните проблеми во ова наше совремие на голема духовна криза и општ пад на моралните вредности. Притоа, неговата поткрепа не е само од духовен карактер. Напротив, нашироко е позната неговата хуманитарна дејност на укажување материјална и финансиска помош на оние на кои таа им е најпотребна, како на поединци така и на цели семејства. Особено е значајна мисијата на архимандрит Партениј за лекување и ресоцијализација на лица, претежно од помладите генерации, кои западнале во тешките пороци на наркоманијата, алкохолизмот, коцкањето и сл. Стотици и стотици млади души, под духовната закрила на отец Партениј, не само што успеале да се ослободат од канџите на пропаста и смртта, туку и целосно се рехабилитираат и така да станат полезни членови на нашето општество.

Од огромно значење за промовирањето на нашата земја и култура, но и на нашата света Македонска православна црква – Охридска архиепископија во борбата за признавањето на нејзината автокефалност, се бројните и добри односи и контакти што архимандрит Партениј ги негува со многумина влијателни личности ширум православниот свет. Како голем љубител и познавач на македонската историја и на македонското културно наследство, архимандрит Партениј непрестајно се залага за нивна што поголема афирмација и презентација. Тој е еден од најзаслужните црковни дејци што се изборија за повторно воведување на нашето древно источно – православно црковно пеење во храмовите на МПЦ – ОА и во нејзините образовни институции. Отец Партениј стои зад организацијата на неколку јавни трибини за актуелни духовни и општествени проблематики, а секако не помалку значајни се неговите залагања за издавање на духовна литература, уредување на манастирскиот сајт, промовирање на знаменити личности од македонската црковна историја итн.

Како човек на мирот и на љубовта кон сите луѓе, без разлика на нивната верска, етничка и расна припадност, архимандритот Партениј ги издигна Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица во вистински центри на соживот во Мијачко – реканскиот крај од нашата земја. Со својот филантропски однос кон сите, тој успеа да го направи Бигорскиот манастир силен фактор на безбедноста, стабилноста и соживот во тој крај, така што ова светилиште стана вистинска духовна оаза и културна знаменитост не само за православните верници, туку и за Македонците со мухамеданска вероисповед и за етничките Албанци од Македонија, кои имаат голем респект кон манастирот и кон неговиот игумен.

Од пред нешто повеќе од една година старец Партениј е духовен раководител и на манастирите „Благовестение на Пресвета Богородица“ – Пречиста и „Св. Георгиј Победноносец“ во Кнежино, Кичевско, чисто монашки континуитет продолжи токму по неговите заложби, а на барање на митрополитот Тимотеј.

Целокупната дејност на Неговото Високопреподобие архимандрит Партениј внесе силен позитивен дух и напредна мисла во македонското општество, како на црковен, така и на политичко – социјален и културен план. Тоа одамна го имаа забележано бројни институции, кои јавно и отворено до сега веќе го одликуваа со разни признанија и награди поради неговиот труд. Така, архимандритот Партениј е добитник на многу општествени признанија, како што е наградата на град Битола за животно дело „4-ти Ноември“ (2011 г.); признанието „Личност на годината“, доделено од страна на „Нова Македонија“ по електронското гласање на кое о. Партениј освои многу гласови (2012 г.); Признанието за хуманост, доделено од страна на Здружението за Македонско и Босанско – херцеговинско пријателство и соработка „МаБиХ“ и Амбасадата на Република Босна и Херцеговина во Македонија (2014 го.); Орденот „Св. Наум Охридски“ од Дебарско – кичевската епархија (2015 г.), неколку грамоти од милосрдното здружение „Самарјанин“, наградите за личност на годината на повеќе неделници и интернет портали и др.

Кон сите овие признанија годинава отец Партениј го додаде и признанието на Битолски весник за трајни вредности.

Новинар: Киро Кипроски

Бигорски Манастир

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...