30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаИЗВОРИ ВО СВ. НАУМ VS ИЗВОРИ ВО РЕКАТА ВАРДАР

ИЗВОРИ ВО СВ. НАУМ VS ИЗВОРИ ВО РЕКАТА ВАРДАР

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од коритото на Вардар денеска се извадени повеќе автомобилски гуми во акцијата што беше спроведена кај течението под мостот „Гоце Делчев” во центарот на Скопје.

<

Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело” од Скопје, „Тласа” од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“.

Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27 септември.

Граѓанската иницијатива редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.

На оваа фотографија сликана од птичја преспектива наликуваат на подводни извори, но всушност ова се дотраени гуми фрлени во реката Вардар.

Но да е погледнеме вистинската слика и убавина на градот Охрид, а тоа се изворите во Св Наум.

Охридското Езеро е старо околу четири милиони години, настанато со тектонско поместување на почвата. Денес само Тангањика во Африка и Титикака во Јужна Америка може да се споредуваат по старост со нашето Охридско Езеро.
Според начинот на создавање е интересна реткост – настанато е со вертикално пропаѓање на почвата, како Бајкалското Езеро во Сибир, и со него споделуваат сличен ендемичен растителен и животински свет.
Со својата единствена флора и фауна Охридското Езеро е еден од најголемите биолошки резервати на Европа. Во него се зачувал прастар жив свет кои во други места воопшто не постои или се зачувал во фосилна форма.
Во езерото има 17 вида риби кои им припаѓаат на три групи: пастмки, бели риби и јагули.. Десет видови од охридските риби се ендемични (најпознати се пастрмките летница и белвица).
Бистрината на водата е вистинска реткост и е 22 метри, за што помагаат бројните подводни изворчиња сместени долж источниот и јужниот брег. Најголемиот број извори се подземни притоци од Преспанското Езеро кое се наоѓа на поголема надморска височина, и е исто така создадено со тектонско поместување на почвата.
Најпознати извори се Студенчишта, попознати како Билјанини извори, но поживописни се изворите кај Свети Наум кои излегуваат од варовитите спили во подножјето на планината Галичица.
Најпрвин водата се собира во езерце со две островчиња, прекрасно уредени со кафеани и гости кои уживаат во убавината на природата…
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...