13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаБучковски: Личноста и делото на Гоце Делчев е мост меѓу двата братски...

Бучковски: Личноста и делото на Гоце Делчев е мост меѓу двата братски народи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски во интервју за бугарскиот медиум БНР.бг велие дека „заради руското влијание, но и заради конјуктурната политичка ситуација, во Македонија и во Бугарија повторно се разбудија сили кои се испречија пред зближувањето на двата народа.“

<

Очигледно е приближувањето на Македонија кон почнување преговори со ЕУ, а извесно е членството во НАТО и тоа предизвикува да се разбудат силите коишто сакаат на Балканот повторно да има дестабилизација. Тие сили се плашат од сојузот и големата коалиција што ја создадоа сегашните раководства на Македонија и Бугарија на патот кон ЕУ, вели Бучковски.
Тој смета дека во Бугарија постоја сили кои сакаат Македонија да ја тргнат од патот кон ЕУ и да го отежнат договорот за добрососедство.

Имам чувство дека и во Бугарија дел од политичарите се исплашија од договорот и од приближувањето на двете страни, затоа што ќе биде затворено македонското прашање и ќе мора да се фокусираат на секојдневните проблеми во општеството. Јас сум убеден дека ние треба да бидеме сојузници и како Македонец мислам дека немаме поголем пријател од Бугарија и бугарскиот народ. Тоа очигледно некому му пречи и во Скопје и во Софија, смета Бучковски.
Споре Бучковски, историјата не може да се промени и затоа зад форсирањето да се затворат одредени прашања по секоја цена, стои сериозно политичко влијание.

За мене е неразбирливо зашто комисијата отвора прашања, кои по дефиниција се мост кој дополнително ќе го зајакне нашето сојузништво и партнерство. Личноста и делото на Гоце Делчев е мост меѓу двата братски народи. Не разбирам како е можно симболот на нашето заедништво – иконата на македонската борба за национално единство и самобитност, да биде пречка за продолжување на продлабочувањето на добрососедтсвото. Сметам дека тука постои погрешна политичка, но и научна методологија, вели Бучковски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...