12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаРЕАКЦИЈА , Власите бараат отфрлање на Законот за јазиците- Ова е окупација

РЕАКЦИЈА , Власите бараат отфрлање на Законот за јазиците- Ова е окупација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бараме почитуваната професорка и академик Катица Ќулавкова да поведе акција за потпишување на петиција на интелектуалците во Македонија со која од Венециската комисија, од Владата и од Собранието ќе се бара целосно отфрлање на Законот за употреба на јазиците, вели во изјавата за МКД.мк Димо Димчев од Унијата за култура Власите во Македонија.

<

„Со овој Закон се воведува ‘окупација’ на Македонија, особено на малите малцинства. Малите малцинства и така не се третирани/почитувани, ама со овој Закон им се наложува да учат уште еден јазик, покрај официјалниот и службениот јазик во Македонија. Вакво нешто не се видело ни за време на Втората светска војна, кога речиси цела Европа беше окупирана од Германците, ама не беше наложено со закон сите народи задолжително да го учат германскиот јазик. А да не зборуваме дека се предвидени и драстични казни за тие што нема да го научат албанскиот јазик. Од друга страна, барем јас никаде не прочитав, дека со овој закон ‘се замолуваат’ и Албанците во Македонија да научат нешто македонски.

Да заклучам, професорке и драга Катица Ќулавкова, сега вие сте на потег и поведете го орото, покренете акција за петиција. Оствари ја твојата обврска како Македонка. Јас толку знам и можам и толку кажувам“, вели во изјавата Димчев од  Унијата за култура на Власите од Македонија.

Извор мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...