22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарите со нови услови - сега бараат да нема македонски јазик, нација...

Бугарите со нови услови – сега бараат да нема македонски јазик, нација ,култура и историја за влез во Европа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во документот пишува:

<

„Во однос на јазикот, да се користи фразата ‘официјален јазик на Република Северна Македонија’. А кога е неопходна потребата од користење на терминот ‘македонски јазик’ во документите на Европската Унија, со фуснота секогаш да се појаснува ‘согласно Уставот на Република Северна Македонија’. Треба да е јасно дека јазичната норма, прогласена како  уставен јазик во Република Северна Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во некогашната југословенска република по кодифицирањетона јазикот по 1944. Ниту еден документ/изјава во процесот на зачленување во ЕУ не може да се смета како признавање од бугарска страна на постоењето на т.н. ‘македонски јазик’ одвоен од бугарскиот“, пишува усвоениот документ од бугарската влада.

Во овој документ се вели дека бугарската влада ќе бара и конечна промена на учебниците по историја во кои се бара историските документи да бидат изучувани на бугарски јазик.

„Хармонизирање на учебниците, на програмите на двете држави во согласност со постигнатите усогласувања на заедничката мулти-дисциплинарна експертска комисија по историски и образовни прашања. Соодветните историски и литературни извори од 19 и 20 век напоредно со адаптираните текстови да се претстават и изучуваат во јазичната норма на која се официјално напишани. За оваа цел ќе биде испратена покана до претставниците на министерствата за образование на двете држава за учество во работата на заедничката мешовита комисија“, бара бугарската влада.

Софија исто така бара Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија да биде кренат на исто ниво со договорот од Преспа. Се бара и рехабилитација на сите жртви на комунизмот кои би требало да бидат прикажани како жртви за бугарската кауза како и објавување на сите соработници на тајните служби кои придонеле за нивно затворање.

По Преспанскиот договор, сега и Бугарија бара промена на таблите на спомениците на историските личности и тоа веднаш за оние за кои постои договор.

„Отстранување на квалификацијата ‘бугарскиот фашистички окупатор’ од спомениците и промена на информативните табли и другите ознаки вклучувајќи ги и оние исторски споменици на културата за кои до сега е постигнат договор од страна на комисијата“, пишува во документот.

„Бугарија е доследна во поддршката на европската перспектива на земјите од Западен Балкан затоа што процесот на присоединување е клучот за придвижување на реформите и стабилноста на регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на Европската Комисија за почнување на претпристапни преговори за Република Северна Македонија и за Албанија“, се вели во одлуката на бугарската Влада. Но, претставниците на Бугарија потсетуваат дека оваа поддршка не е безусловна.

Еве уште еден од условите во оваа декларација:

„Република Северна Македонија безрезервно и итно да ги дефинира позициите и дејствувањата во меѓународните организации и форуми во согласност со член 11 од Договорот за добрососедство, каде јасно се декларира дека нема историски и демографски основи да бара статус на малцинство за било која група граѓани на Република Бугарија. Да не се инструментализираат форматите и мониторинг извештаите на Советот на Европа за притисок врз Бугарија за овие прашања поврзани со правата на лицата припадници на малцинските групи. Република Северна Македонија да испрати вербална нота до членките на ОН дека ќе се придржува кон извршените промени во Уставот во согласност со Преспанскиот договор и стриктно и во целост ќе се придржува кон Договорот со Република Бугарија и во однос на т.н. јазичната клаузула од Договорот“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...