18.3 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаБорисов: Му реков на Заев да не поднесува оставка, неколку месеци не...

Борисов: Му реков на Заев да не поднесува оставка, неколку месеци не се вечност

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пред денешното продолжение од Европскиот совет пред медиумите во Брисел кажа дека огромниот дел од членките на ЕУ се изјасниле за давање европска перспектива на Македонија и на Албанија, но решението е одложено за мај, за време на хрватското претседателство

<

Според Борисов, неколку месеци не се вечност од аспект на европската интеграција како процес, па му порачал на премиерот Зоран Заев да не си поднесува оставка.

„Пред Советот долго зборував со Зоран Заев и му реков да не си дава оставка, зашто тој заврши многу работа и има уште да се направи“, изјави Борисов.

Тој пред новинарите објаснуваше дека сите во Македонија се емоционални околу прашањето за интеграција во ЕУ, бидејќи во земјата се вложија многу напори, а освен тоа, како аргумент потсети дека никој досега не си го сменил името.

Одговарајќи на новинарски прашања за синоќениот состанок, Борисов кажа дека „за Северна Македонија и за Албанија ништо не е заклучено, туку како што беше формалното објаснување на Советот, решението е одложено за мај за време на хрватското претседателство“.

„Фактот дека не се договоривме да има писмено решение на Советот покажува дека огромниот дел од државите се ‘за‘ европската перспектива на двете земји“, изјави Борисов.

На прашањето зошто Франција ги запира Македонија и Албанија, тој вели дека секоја држава си има свои причини, но никој на Советот не кажал „не“.

„Сите рекоа добро, но нека се подготват максимално добро за да немаме после проблеми. Неколку месеци не се вечност“, додаде бугарскиот премиер.

Споменувајќи го примерот со Бугарија, кога се приклучува во НАТО и во ЕУ и кога сите партии во земјата биле „за“, тој изјави дека ако во Северна Македонија или во Албанија има партии и сили кои сакаат да се вратат назад, тогаш тоа е голем ризик.

Во наредните неколку месеци, како што рече Борисов, има време и комисиите за историски прашања да ги решат спорните прашања.

 

mkd.mk
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...