20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаЈунакот кој ја исчисти Битолската обиколница се вика Мирсад: Сакаме и за...

Јунакот кој ја исчисти Битолската обиколница се вика Мирсад: Сакаме и за нашите дечиња да биде чисто, вели Мухадинов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Онаму каде што некогаш десетици луѓе валкаа, денес хигиената ја одржува едно лице. 39-годишниот Мирсад Мухединов е јунакот од битолската обиколница. Откако пред три месеци Општината со комуналните претпријатија го исчистија магистралниот пат од Ресен за Прилеп кој минува над Битола, а кој поради нечисторијата беше рак рана, Мухединов, вработен во Јавното претпријатие „Комуналец“, го одржува чист.

<

„За мене нема работно време. Бидејќи живеам во бизина на обиколницата, по цел ден водам сметка да е чисто. Многу му сум благодарен на директорот на претпријатието Панде Богоевски што ме ангажираше и што помогна и овде кај нас да биде чисто. Не сакам да ја изневерам довербата и по цел ден одржувам чисто“, вели Мухединов.

Тој кажува дека преку ден го чисти насобраното ѓубре, го собира во вреќи, па се јавува во претпријатието и доаѓа камионче каде го товарат сметот и потоа се носи на депонија. Обиколницата која некогаш беше полна смет го смени ликот, веќе не е срам за Битола. Обиколницата минува низ дивата ромска населба каде живеалиштата се дивоградби.

„Сакам и овде да биде чисто како во градот. И тука имаме дечиња, да не фаќаат жолтица и други заразни болести. Ете и јас сум татко на три деца, најворзасниот има 18 години, а најмалото десет и за нив сакам чиста животна средина. Ја чистам обиколницата и сè помалку се палат гуми. Очигледно е дека сликата се менува. Локалното население ме слуша и сè помалку се фрла ѓубре“, вели Мухединов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...