22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаЗабаваПиете кафе пред појадокот? Еве што се случува тогаш со вашиот организам

Пиете кафе пред појадокот? Еве што се случува тогаш со вашиот организам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кафето е омилениот напиток ширум светот и секако, неизоставен дел од будењето на многу луѓе. Иако кафето содржи разни антиоксиданси, неговите здравствени придобивки се поништуваат ако го пиете погрешно, односно доколку се консумира на празен желудник.

<

Зголемување на нивото на желудочна киселина

Кафето на празен желудник го зголемува излачувањето на хлороводородна киселина во дигестивниот систем, што е лошо кај луѓето кои боледуваат од гастритис и имаат вишок киселина. Поради високото ниво на желудочна киселина, се зголемува ризикот од појава на чиреви, хроничен гастритис, синдром на иритабилни црева и желудочен рефлукс.

Зголемен ризик од рак

Поради нарушената дигестија по консумирањето на кафе, често доаѓа до отежната апсорбција на протеини во телото, што пак резултира со надуеност, иритација и воспаление на цревата. На долг рок, нарушената дигестија го зголемува ризикот од рак на дебело црево, најчестата малигна болест на денешницата.

Тегоби

Пиењето на кафе делува на зголемување на нивото на кортизол, хормон на стрес. Тој ефект се зголемува ако кафето се пие на празен желудник бидејќи храната делува смирувачки на организмот и го намалува негативното влијание на кафето. Стресот и тегобите се поврзуваат со појава на тахикардија, краткотрајност на здивот…

Намалени хормони

Кофеинот од кафето го нарушува производството на серотонин, невротрансмитер одговорен за чувство на задоволство и среќа. Недостатокот на серотонин е главна причина за депресија и развој на ментални болести. Доколку го пиете кафето пред појадокот, ќе забележите нагло подобрување на расположението, но и негово нагло влошување по еден до два часа. Доколку кафето се пие повеќе пати во текот на денот, серотонинот станува зависен од надворешните услови, а не е резултат на работата на организмот.

точка.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...