16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов на средба со градоначалникот на Тирана, Велиај

Шилегов на средба со градоначалникот на Тирана, Велиај

Делегација од Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов вчера оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Албанија, Ерион Велиај.

Двајцата градоначалници разговараа за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, теми кои беа во фокусот на вчерашниот четврти „17+1“ Форум на градоначалници на главни градови од Централна и Источна Европа и Кина, што се одржа во Тирана. На средбата се зборуваше и за досегашната соработка меѓу Скопје и Тирана и за можностите таа соработка меѓу двата збратимени града да се продлабочи. Градоначалникот Шилегов изрази уверување дека двата града наскоро ќе бидат дел од европското семејство со надеж дека во блиска иднина двата града ќе бидат главни градови на држави членки на Европската Унија.

Шилегов на својот колега му подари маица со мотиви од Скопје, а градоначалникот Велиај најави дека со таа маица ќе трча на наредното издание на скопскиот маратон.

Во паркот пред просториите на Град Тирана, пак, нашата делегација засади Дрво на Град Скопје, како симбол на меѓусебното пријателство.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...