-1.1 C
Ohrid
четврток, декември 19, 2024
ПочетнаЗабаваКристална река која се прелева во пет бои

Кристална река која се прелева во пет бои

spot_img

Caño Cristales (Кристалната река) е Колумбиска река, лоцирана на планината Серанија де ла Макарена, во близина на областа Мета. Таа честопати е нарекувана и „Реката со пет бои“, „Течното виножито“, „Реката која дотече од рајот“, па дури и „Најубавата река на светот“, бидејќи алгите кои се наоѓаат на нејзиното дно, создаваат црвена, жолта, зелена, сина и црна боја, кои ѝ даваат еден уникатен и совршен изглед.

Кристална река која се прелева во пет бои

Кристална река која се прелева во пет бои

Овие алги, во комбинација со жолто-зелениот песок и сината вода, создаваат стотици нијанси на бои, поради кои реката изгледа како едно волшебно чудо на природата.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

Значи, ова се случува само во текот на кусиот период помеѓу двете климатски сезони кои ги има во Колумбија. За време на дождливата сезона, водата во реката се движи со голема брзина, затемнувајќи го дното и оневозможувајќи му на Сонцето да продре до растението Macarenia clavigera, кое му е потребно за да ја промени својата боја во црвена. Во текот на сувата сезона, пак. нема доволно вода во реката, за да го поддржи растот на природното богатство на дното.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

Сепак, во текот на тие неколку недели во септември и ноември, реката се претвора во вистинско ликвидно виножито.

Кристална река која се прелева во пет бои

Прекрасната малечка река во Колумбија, не надминува повеќе од 100 км во должина и 20 м во широчина.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

Ова место изобилува со богата флора и фауна, која туристите имаат прилика да ја разгледаат и притоа да останат вчудовидени. Во овој Колумбиски национален парк, има неверојатни 420 видови птици, 43 видови влекачи, 10 видови водоземци и 8 видови примати.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

Ова место беше затворено за туристи неколку години, поради герилските активности кои се случуваа во регионот, како и поради грижите за евентуалните последици од метежот предизвикан од неконтролираната посета на туристите.

Кристална река која се прелева во пет бои

Националниот парк беше повторно отворен во 2009 година.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

Caño Cristales е лоцирана во зафрлено, изолирано место, до кое е тешко изводливо да се пристигне преку патот. Авантуристичките туристи сега можат да стигнат со авион во градот Ла Макарена, кој се наоѓа во близина. Оттаму има краток пат до националниот парк Серанија де ла Макарена, каде што се наоѓа Кристалната река.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

Голем број колумбиски туристички агенции организираат патување до Ла Макарена, кое вклучува обиколка на туристите околу реката со водич, пеш или јавајќи на коњ (или магаре). На посетителите не им е дозволено да преспијат, ниту да готват во овој национален парк.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

Реката Cano Cristales, за која се вели дека е најубавата на светот, е дефинитивно мелем за човечкото око. Таа многу се разликува од секоја друга река во светот, што доволно е само еднаш да ја посетите за да ви остави силен впечаток кој вечно ќе го чувствувате во вашата душа. На ова спектакуларно уметничко дело на природата, особен „шмек“ му даваат и карпите по кои течат прекрасните водопади.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

Кристалната река, која претставува едно биолошко наследство за мештаните во Ла Макарена, привлекува огромен број туристи од целата Земја.

Кристална река која се прелева во пет боиКристална река која се прелева во пет бои

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автобус преагази крави на автопатот Скопје Тетово !!!

Бизарна сообраќајна несреќа се случила доцна попладнево – автобус удрил во стадо крави кое слободно се движело на автопатот Скопје-Тетово, објави ТВ21.   Засега нема информации за...

ГРУБИ БИЛ ЗАВЕДЕН КАКО ПЕШАК НА „БЛАЦЕ“ ОТКАКО ПОЛИЦАЈЦИТЕ НЕ ПРОВЕРИЛЕ ВО СИСТЕМОТ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ЗАДРЖАТ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди покрена постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против полицајците од граничниот...

Илире Даути повторно го блокира Законот за бранители

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути денеска повторно ја прекина седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара како...

На денешен ден во Небрегово пред 103 г. е роден Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски дејци, писател, поет и научник

На денешен ден, пред 103 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет...