0.6 C
Ohrid
вторник, декември 1, 2020
Почетна Забава Колку заработиле славните од нивните порнографски снимки: Памела 77 милиони долари, Кардашијанката...

Колку заработиле славните од нивните порнографски снимки: Памела 77 милиони долари, Кардашијанката многу повеќе, а еве ги останатите

Translate (Eng):[gtranslate]

Многу странски ѕвезди биле невнимателни, па нивните жешки снимки излегле во јавноста. Некои поради тоа паднале во депресија и ја избегнувале јавноста, додека други одлучиле да заработат на нив.

„Се чувствував понижено. Тогаш првпат бев така експонирана во јавноста и тоа на негативен начин. Не можев ништо, седев и деновите си поминуваа. Требаше да се трудам десет пати повеќе од другите луѓе за да ме сфаќаат сериозно“, рекла Ким Кардашијан, чија снимка како има секс со раперот Реј Џеј – излезе во јавноста.

Но, Ким не била долго време тажна, напротив, во тоа видела прилика за добра заработка. На совет на мајка ѝ Крис (64), ги продала правата за своето видео за пет милиони долари. Филмот на крајот заработил повеќе од 100 милиони долари, а Ким се откажала од тужбата.

РЕКЛАМА

Кардашијанката не е единствена ѕвезда чија жешка снимка заработила сериозни пари. На Памела Андерсон (53), електричарот од домот ѝ ја украл VHS касетата на која имало жешки снимки од неа и Томи Ли. Ѕвездата на „Baywatch“ прво ја тужела компанијата, но потоа се договориле надвор од судот за околу 10 милиони долари. Нејзината снимка вкупно заработила 77 милиони долари, а и денес одлично се продава.

А, рекордерот за тужба поради секс снимка е Халк Хоган (63). Поранешниот кечер на суд добил дури 115 милиони долари од „Gawker Media“, тие кои ја објавиле снимката. На компанијата ѝ било наложено да ја исплати целата сума, а набрзо после тоа банкротирале.

Во спречување на објава на порнографски снимки успеале Кид Рок и Скот Стап. Пејачите во 1997-ма година имале тројка со непозната жена, која потоа одлучила да ја продаде. За тоа да не се случи, двајцата биле на суд, каде ѝ исплатиле неколку милиони долари.

И додека некои од порнографските снимки заработиле сериозни пари, некои од нив паднале во депресија. Раперката Ив (41) во истрагата ги вклучила и ФБИ.

„Премногу го почитувам своето семејство за да го направам тоа. Не ме интересира таква слава. Скршено ми е срцето, се чувствувам грозно“, рекла раперката.

На секс снимка одлучил да заработи и Ојани Ноа. Првиот сопруг на Џенифер Лопез (50) наводно без нејзино знаење поставил камера во собата која ја снимила жешката акција. Кога парот се развел, Ноа се обидел да ја продаде снимката, но тимот на пејачката го спречил во тоа. Наводно Лопез на поранешниот сопруг му исплатила 4 милиони долари.

И додека други на снимките заработувале милиони, старлетата и наследничка Парис Хилтон (38), добила дури 400.000 долари. Нејзиниот тогашен партнер, покерашот Рик Салмон успеал да го продаде филмот за неколку милиони долари.

„Никогаш не сум земала ниту цент. Парите се дадени во хуманитарни цели“, тврди Хилтон.

- Реклами -