16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаИзвршители денес му ја зедоа куќата и стадото на Ристе Бањоглав од...

Извршители денес му ја зедоа куќата и стадото на Ристе Бањоглав од Карбинци

Лихвари денес му ја зедоа куќата и стадото на Ристе Бањоглав, некогашен кандидат за градоначалник на Карбинци:
Денешното присилно иселување е завршница на тригодишна тортура низ која семејството на Бањоглав минува, откако на заем зеле 10.000 евра за подигање на фармата од 100-тина кози.
Како гаранција Бањоглав ја дава куќата под хипотека , по што започнуваат и лошите и незивесни денови за семејството.
Пред да дојдат извршителите, на Бањоглави на врата им тропнале лихварите:
„Дојде и ми тресна пиштол на масата. Рече сега ќе ве истепам ако не ми ги дадете парите. Му кажав дека 5.000 евра му се дадени, а може да ме тужи уште за 5.000 кои и онака ќе му ги дадеме. Тој ми вели, не… ќе ми дадеш 10.000 евра. И на тоа се согласивме, но тој пак ни се закани со пиштол“ изјави Рајна Ристова, мајка на Ристе Бањоглав
Бањоглави тврдат дека се жртвои на лихварски заговор, зашто тие долгот целосно го исплатиле:
„Должевме 600.000 денари, на извршителката се вратени 920.000 денари. Таа досега не ни дала извештај колку пари се уплатени и бара од нас да се иселиме. Јас земав пари на заем од луѓе за да можам да го исплатам долгот и долгот е исплатен“ изјави Ристе Бањоглав
Дополнително, бањоглави тврдат дека не добиле решение за извршување, ниту право за приговор на кој според законот имаат право.
И покрај ова, личните работи на Бањоглави, денес камионоот ги однесе во стоваршите во Виница . петчленото семејство од кои две малолетни деца, од денес се на улица.
Инаку, Ристе Бањоглав своевремено од државата беше награден како најдобар млад земјоделец. Во 2013 година, беше и непартиски кандидат за градоначалник на Карбинци, кога со околу 100 гласови разлика тогаш изгуби од Зоран Минов од ВМРО ДПМНЕ.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...