8.9 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаСтартот на фабриката „Баумер“ од Швајцарија во Бунарџик е уште една успешна...

Стартот на фабриката „Баумер“ од Швајцарија во Бунарџик е уште една успешна приказна за економските политики на Северна Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска го означуваме свечено и официјално почетокот на работата на новата фабрика на „Баумер“, која на својата листа од 38 компании и подружници во 19 земји во светот, ја стави и оваа фабрика и Северна Македонија, рече Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на свеченоста по повод стартот на работата на оваа фабрика во Трговско индустриската зона 1 во Бунарџик, Скопје.

<

Компанијата „Баумер“ од Швајцарија е една од светски најпознатите производители на сензори, инструменти за мерење, испитување и навигација, според најмодерна технологија и се употребуваат во автомобилската, индустриската, медицинската наука, во авио-индустријата, кај мобилните уреди, во градежниот сектор и во други области. Компанијата има вработено 2.500 вработени низ светот, а во оваа своја фабрика во нашата земја, во која ќе бидат вложени 4,7 милиони евра, во првата фаза ќе вработи 150 граѓани.

„Компанијата „Баумер“ и Владата на Република Северна Македонија ги обединуваат вредности како што се искреното партнерството, посветеноста на високите технологии и на прецизноста, и пионерскиот дух во постојаниот стремеж за иновативност и компетитивност. Владата на Република Северна Македонија за да креира амбиент соодветен на модерниот пазар, фокусот на своите политики за поддршка на странските и домашните инвестиции го стави на воспоставување деловни врски со такви компании. „Баумер“ е една од нив. Станува збор за компанија која е синоним за квалитет, компетентност и софистицирани производи и решенија кои ги исполнуваат највисоките технолошки стандарди и сигурно ги задоволуваат потребите на клиентот во секое време“, истакна премиерот Заев, и додаде дека како и „Баумер“, така и политиките на Владата се насочени кон поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии. Остварувањето на таа цел секогаш ќе овозможува да се биде чекор понапред од пазарот и да се приближите кон потребите.

На свечената церемонија по повод пуштањето во работата на фабриката Баумер во Северна Македонија на која присуствуваа и сопствениците на групацијата Баумер д-р Оливер Вице и г. Кристијан Вице, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, г. Кочо Анѓушев, амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, г-ѓа Сибил Сутер Техада, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ , г. Александар Младеновски, и други гости, премиерот Заев ја издвои како особено значајна и развојната компонента во бизнис планот на компанијата која планира изградба на нова зграда за проширување на производството и да оформи центар за истражување и развој со што во фабриката „Баумер“ во Северна Македонија ќе се отворат можности за дополнителни 500 работни места.

Заменик претседателот во Владата на Северна Македонија, задолжен за економските ресори Кочо Анѓушев, во своето обраќање го потенцираше фактот што компанијата „Баумер“ е една од најдобрите во светот на високата технологија и нејзината фабрика во нашата земја е во согласност со политиките во поддршката на странските инвестиции да се привлечат колку што е можно повеќе вакви компании.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...

Криптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил Богојески?

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната...